• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 27 јануари 2021
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Slide
Home Теми и интервјуа

Коронавирусот причина прв пат во животот да легне на болнички кревет

01/08/2020
во Теми и интервјуа
0
SHARES
2.1k
VIEWS
Сподели на FacebookСподели на Twitter

57 годишниот Сашо Серафимовски од Тетово за прв пат во животот годинава морал да помине две недели во болнички кревет поради коронавирусот. Тој целиот живот се занимавал со скијање и досега немал никаков здравствен проблем. Во својата битка со Ковид-19 тој раскажува дека згрешил што првите неколку дена ги игнорирал симптомите па потоа тоа го „чинело“ две недели болничко лекување на Ковид-19.

-Беше недела, 28 јуни, цел ден работев дома, па вечерта имав 38 степени температура. Викам ме „фатила“сончаница поради жешкото време и не обрнав мниогу внимание. Утредента во понеделникот преку ден немав некоја потешкотија ама околу 18 часот имав пак температура од 38, 5 па се одлучив да земам парацетамол и ефридол затоа што ме болеше и глава. Во вторникот повторно температура, но веќе решив да се тестирам за коронавирусот. Брис ми зедоа уште утредента во средата.  Во четвртокот ми беше најлошо со заота што ми се појави стегање во градите, кашлање и слично. Зедов парацетамол, ефридол и сумамед, објаснува Сашо за првите денови од битката со Ковид-19.

Следувала најлошата информација од рентген, што покажал бронхопневмонија, па дефинитивно според лекарите морало да има болничко лекување.  Бил хоспитализиран во градската општа болница „8 Септември “во Скопје. Таму увидел дека секој организам различно се бори со коронавирусот.

-Во болница првите два дена немав температура, третиот ден вечерта имав 38.5 степени. Со брза интервенција на медицинскиот персонал, ми ја намалија и до денес немам повеќе темпертура. Но од третиот до шестиот ден поради тоа што коронавирусот што удри на белите дробови имав силни кашилици. Но и со тоа лекарите се изборија. Во болницата увидов дека секој организам различно се бори и тоа е најголемата битка за секој поединец. Кај мене тоа беше интензивно кашлање, едвај дишев, не може да се опише, не дај Боже некој да доживее. Првите два дена немав потреба од кислород. Сатурација во крвта ми беше 94-97, се што е над 93 е добра.  Но третиот ден сатурација ми падна на 85 и итно реакцијата на докторите беше да ми дадат кислодорна поддршка, со тоа што по потреба ја користев, некои ја користеја цело време многу, така да помина период 3-4 дена. Дури после првите седум дена во болница ми беше подобро, откако добив кислород, антибиотици и витамини, раскажува Сашо.

Сашо е воодушевен од третманот на лекарите, медицинските сестри и болничари во скопската болница. Тој смета дека кај него дел од надминувањето на оваа болест е огромното залагање на лекарите и медицинскиот персонал во градската општа болница „8 Септември“.

-Извонредните тимови во „8 септември“, од доктори сестри и болничари, сите се залагаат за секој пациент поединчено со цел да се избори секој човек. Најголема пофалба изразувам до комплетниот персонал, благодарен сум комплетно што сторија за мене и за многу други пациенти околу мене, таква пожртвуваност од сестри и доктори во тешки услови досега немам видено. Господ здравје и смирение да им даде на целиот медицински персонал во нашава држава, ги благословува Серафимовски.

Додека бил болница, во текот на првите седум дена и неговата сопруга Маре била дијагностицирана како заболена со Ковид-19, па вели дека таа со огромна помош на тетовските матичните лекари успешно се справила со коронавирусот но со домашно лекување.

-Во текот на првите седумте дена бев во болница, послаби симптоми се појавија и кај сопругата Маре. И таа се лекуваше со антибиотик  сумамед, но нон стоп под контрола на младите матични доктори Горан Манојлоски, Илчо Ефкоски од Тетово како и во сконсулатации со пулмологот  Трајче Нешковски од заводот во Козле и д-р Владимир Аврамовски. Сите тие лекари постојано ја следеја нејзината состојба со редовна комуникација по телефон, објаснува Серафимовски кој заедно со сопругата веќе се негативни на тест за Ковид-19.

Сашо сепак се уште се бори со бронхопневномијата, па затоа вели сака да ги советува сите ако имаат било какви симптоми веднаш да се испитаат и да не чекаат.

-Бронхопневмонијата како болест не се лечи толку брзо, но 10 дена сум веќе дома. Подобро се чувствувам но не смеам да работам, да се заморувам и слично па затоа ги слушам докторите.  Голем совет до сите имам- секој еден што ќе почувствува барем некаков симптоми веднаш да реагира кај матичен да направи лабораторија, ако има кашлица на рентген да се установи за што се работи. Ако веќе се работи за Ковид-19 да се реагира со лекарства. Секој еден нека мисли дека тоа е тоа, ковид19. Прво тоа да помисли на најлошото и веднаш да реагира, бидејќи после тоа како ќе помине најмногу влијае тоа секој како организам има, апелира Сашо.

На прашањето дали знае како се заразил, вели дека носел маска и ги почитувал сите протоколи.

-Тоа не ни може да се докаже. Носев маска, се придржував до протоколи, можеби некаде сум згрешил, можеби некој ми згрешил мене несакајќи да ми пренесе. Дали лебди во водухот, не сум сигурен , дали можеби сум допрел нешто, но мора да се биде претпазлив, потенцира Серафимовски,  инаку по вокација дипломиран агроном, но познат во Тетово по сопствен бизнис со трговија на мебел.

Александар Самарџиев

 

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Ќе ја искористи ли годинава максимално Попова Шапка масовната посетеност 

09/01/2021
Теми и интервјуа

Песните како начин на откривање на судбините на тетовчани во минатите векови

27/12/2020
Теми и интервјуа

Поради коронавирусот потребна е дезинфекцијата на јавните простори, но постои и ризик од хемиските материи

26/12/2020
Теми и интервјуа

Без стратегија и компетенција за менаџирање на ски центарот и еден метар паднат снег не е доволен

11/12/2020
Теми и интервјуа

Страдањата од бугарска фашистичка окупација во Тетовско опишани во неколку книги

06/12/2020
Теми и интервјуа

Еден километар градска улица налик на земјен пат

02/11/2020
Следна објава
здравство министерство

Двајца новозаболени од Ковид-19, излечени се 4 лица

Tetovo, Macedonia
среда, јануари 27, 2021
Cloudy
-3 ° c
71%
1.24mh
-%
-1 c -11 c
сре
5 c -9 c
чет
6 c 0 c
пет
4 c -2 c
саб

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Искуство на Мелиса Ценоска – Го победи Ковид 19 дома и не дозволи да се пренесе на семејството

    1978 shares
    Share 1978 Tweet 0
  • На 52 години вчера почина Горан Чавдаровски, истакнат спортски работник во атлетика

    1689 shares
    Share 1689 Tweet 0
  • Министерот Наќе Чулев во Тетово изврши увид како се врши контролата при полицискиот час

    426 shares
    Share 426 Tweet 0
  • Од мака поради руинираната улица, наместо општината, на Поток 68 годишниот Каме сам ги пополни дупките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листа со маркети и аптеки кои ќе работат во сабота и недела

    394 shares
    Share 394 Tweet 0
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2021 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2021 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!