• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 29 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

МВР : Ќе се казнува секое снимање при брзо возење, денес засилени контроли на автопатиштата

24/01/2021
во Вести
полиција радар МВР СВР контрола
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

МВР денес во Тетово продолжи со засилените контроли во областа на сообраќајот со цел ставање на ред на патиштата и улиците во државата. При контролите на територија на Тетово на автопатите Скопје-Тетово и Тетово-Гостивар во текот на вчерашниот ден има изречено 88 мерки за возење со брзина поголема од дозволеното.

-Засилените контроли продолжуваат и денес и во текот на наредните денови и евидентно е дека во времетраењето на овие засилени контроли имаме намалување на сообраќајните незгоди. Во ноември 2020 споредено со претходниот ноември имаме намалување на сообраќајните незгоди за 21 отсто, а во декември 2020 споредено со претходниот декември имаме намалување дури за 23 отсто на сообраќајните незгоди, истакна Тони Ангеловски, портпарол и помошник минситер за односи со јавноста при МВР.

Тој со повторено апел до граѓаните на Тетово и Гостивар но и сите во државата. Истакна дека сите снимки на социјалните мрежи за брзо возење ќе бидат санкционирани..

-Да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин да придонесеме за безбедноста на улиците и патиштата. Особено да внимаваме на брзината затоа што брзината е еден од клучните фактори кои влиаје за сообраќајни незгоди со тешки последици. Постојано ги санкционираме сите прекршоци и овие за снимања при брзо возење. Токму затоа сме присутни на автопатиштата и ги санкционираме овие прекршоци и за сите кои ќе го прекршат законот следи соодветна казна, истакна Ангеловски.

Денешната акција е различна по ниво на акција во споредба со онаа од октомври и декември во Тетовско и Гостиварско.

-Тогаш насочени на градот Тетово, сега повеќе насочени на автопатиштата. Тогаш санкции за нерегигистрирани возила, исто така без возачка дозвола додека сега мерките за возење повеќе од дозволеното. Сега насочени кон оваа мерка еден од клучен проблем за сообраќајки со тешки последици и сме насочени кон отворените патишта. Правиме анализи и соодветно на нив таму каде што имаме голем број на сообраќајни незгоди и таму реагираме со цел тоа да се покрие, порача Ангеловски.

А.С

Поврзани објави

Вести

ВМРО-Народна партија Тетово ќе настапи со самостојна листа за избор на Совет на Општина Тетово

28/06/2022
Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Следна објава

И за моторите важи мерката за времено одземање возила поради истечена регистрација

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.