• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Медицински отпад на среде тротоар во Тетово

Систем за инфузија со остатоци од крв во пластичната цевка фрлен на земја пред контејнер. Оваа слика ја доловува несовесноста на поединци и неажурноста на комуналните служби во Тетово.  Фотографијата е направена на улицата „Цветан Димов“  кај контејнерите поставени непосредно после објектите на СВР Тетово покрај реката Пена

13/08/2019
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Систем за инфузија со остатоци од крв во пластичната цевка фрлен на земја пред контејнер. Оваа слика ја доловува несовесноста на поединци и неажурноста на комуналните служби во Тетово.  Фотографијата е направена на улицата „Цветан Димов“  кај контејнерите поставени непосредно после објектите на СВР Тетово покрај реката Пена.

Ваквите фотографии на социјалните мрежи се честа појава со која дел од жителите на Тетово постојано укажуваат на несовесноста на луѓето.  Дури и центарот на градот не е поштеден од постојаното фрлање на отпадоци. Фотографиите околу Центарот на култура ја доловуваат сликата во централното градско подрачје на само неколку метри од градскиот плоштад. Отпадоци пред се од пластична амбалажа и друг вид смет го има на малкуте зелени површини.  Како место за смет наместо како прочистувач на воздухот се користи и ткн. „градско дрво-еколошкиот билборд“.

Во текот на летниот период жителите на Тетово се соочуваат и со потребата од поголема општинска грижа за комуналниот смет.  Поради зголемување на бројот на луѓе-печалбари кои доаѓаат на одмор во родниот крај повеќекратно се зголемуваат количните смет кои се собираат во контејнерите па и надвор од нив. Сметот кој се собира низ градот пред да се однесе во депонијата Русино се складира на претоварна станица која сега ја промени локацијата и се наоѓа во Фалише.

Според тетовската градоначалничка Теута Арифи проценките се дека нема да ги имаат старите проблеми, односно повторно да се собираат огромни купишта смет налик на дива депонија.

-Кога сме работеле за добивање дозволи за работа, имаме дозволи за двете локации. На времето кога сме ги спремале, сме спремале документација за двете позиции. Така да мислам дека нашето јавно комунално претријатие проценило дека можеби во моментот им врши тука повеќе работа. Остануваат договорите со депонија Дрисла за носење на сметот таму додека претоварните што помалку да имаат работа“, изјави Арифи.

Неодамна невладината организација Еко Герила преку јавен повик побара Владата да ги одземе ингеренциите на општина Тетово поради неисполнетите законски обврски и нерешени проблеми пред се во областа на животната средина.

Тагови: медицински отпадотпадоцисметТетово

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

Поради поседување кокаин приведени 4 лица сите до 30 години

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!