• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 24 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Министерот за образование очекува од септември над 150 дуални паралелки-практична обука во компании

25/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири заедно со претставници на Стопанската комора на Северозападна Македонија денеска во Тетово ја посетија компанијата „БФМ компани“ која оваа година се прикличи на процесот „Учи паметно, работи стручно“ која воспостави соработка со средното техничко училиште „Моша Пијаде“ за практична обука на ученици што од септември би биле дел од нова дуална паралелка во машинската струка во ова училиште.   Министерот истакна дека постојано расте бројот на дуални паралелки.

-Ако минатата година имавме само 11 дуални паралелки, годинава 97 паралелки, од септември ќе имаме многу повеќе од 150 и тоа е потврда на успешните процеси кои ги спроведува Министерството за образование и наука во делот на средното образование, а со поддршка на партнерите. Гледам позитивна работа затоа што стручното образование не застанува патот кон високо образование. Освен можност за учење претставува и можност за добивање на професија и ќе имаат простот за унапредување во кариерата, изјави Шаќири.

Министерот истакна задоволство што бројот на компании кои покажуваат интерес да учествуваат во реализацијата во образовниот процес, односно во практичната обука на учениците постојано се зголемува.

-Тоа е токму како резултат на дијалогот кој го водиме со коморите, училиштата и општните, а со поддршка на Швајцарската амбасада. Оваа компанија е една од нив и во новата учебна година ќе ги отвори вратите за ученици кои ќе одлучат да се образуваат во машинската струка во „Моша Пијаде“. Тоа е придобивка за самата компанија бидејќи во суштина учествува во креирање на потенцијална работна сила за своите производствени и организациски процеси, а воедно и придобивка за општеството бидејќи се подигнува вработливоста на младите и се скратува времето на премин од образование кон работа“, рече Шаќири.  

Новиот конкурс за упис во средно образование ќе биде објавен на 31 месецов и ги содржи сите предлози и сугестии за отворање на одредени струки и профили во средните стручни училишта. Упати апел до деветоодделенците да се фокусираат на дуалните паралелки и да го одберат овој тип на образование, бидејќи, како што рече, нуди просперитет, брзо обезбедување на работен ангажман, пристојна плата, но и добра основа за понатамошна академска наобразба. Потсети и дека МОН доделува стипендии во месечен износ од 3.500 денари за сите ученици кои ќе се запишат во дуална паралелка.  

 ас

Поврзани објави

Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Инфо компас

Повик до граѓаните за присуство на едукативна здравствена работилница за превенција на мозочен удар

24/03/2023
Следна објава

За „Тетово сака парк“ членовите на Советот на Тетово повеќе зборуваа за проблеми и пречки отколку за решенија

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.