Младинската екипа на фудбалскиот клуб Тетекс бележи победи во сите три досегашни натпревари откако започна натпреварувањето на младинските фудбалски категории на почетокот на септември. Викендов беше совладана екипата на Силекс со 4-1, а во претходните две кола извојувани беа победи од 3-1 над Кожув во Гевгелија и 4-2 над ФК Скопје.
Инаку сите четири младински екипи на фудбалскиот клуб Тетекс победија викендов во дуелите со врсниците од ФК Силекс од Кратово кои се играа во Тетово и во Кратово.
-Покрај младинската екипа, кадетите извојува победа од 2-0. Овие дуели се играа на игралиштето во Јегуновце. На гостинските терен во Кратово играа пионерите и помладите пионери. Пионерите победија со 3-1 а помладите пионери (2004/05 генерација) го добија дуелот со врсниците со 4-2, изјави Зоран Стерјовски-Шоре, тренер на младинската екипа.
Младите категории на Тетекс настапуваат во Втората младинска македонска лига. Кадетите по трите кола имаат 6 бодови, пионерите 3, а помладите пионери освоија 7 бода.
Зоран Стерјовски-Шоре покрај младите ги тренира и кадетите. Пионерите се под раководство на Даниел Радески, а помладите пионери Мишо Маринковски. Наредните дуели на младинските категории се со Брегалница од Штип.