• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Музејот на тетовски крај ги повикува граѓаните да учествуваат на изложба на накит што се носел со народните носии

Накитот што се носел со народната носија е од монистра, златен или сребрен накит. Луѓето и сега го носат како семејно наследство, а претставува и етнолошко богатство.

19/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Граѓаните кои поседуваат накит што се користел со народните носии може да го изложат во рамки на изложбата која ја подготвува Музејот на тетовски крај за крајот на годината. Од Музејот ги повикуваат граѓаните да придонесат со презентирање на накитот со оглед дека во оваа установа постои само мал број на предмети од таков етнолошки материјал.

– Музејот располага со збирка на накит но меѓутоа нецелосен и недоволен. Затоа ги повикувам граѓаните од Тетовско оние кои имаат накит а кои сакаат да го оттуѓат или накит кој сакаат да го презентираат со враќање назад после изложбата можат да дојдат во музејот да го депонираат и истиот накит ќе биде евидентиран ќе биде обработен и после перформаност ќе биде вратен. Ги повикувам граѓаните од сите етнички заедници од сите националности да го донесат во Музејот и со тоа да ја збогатат изложбата. Оние кои сакаат да го оттуѓат трајно може да добијат и финансиска надокнада, изјави Валентина Гавриловска, кустос-етнолог во Музејот на тетовски крај.

Накитот што се носел со народната носија е од монистра, златен или сребрен накит. Луѓето и сега го носат како семејно наследство, а претставува и етнолошко богатство, потенцира Гавриловска.

-Накитот претставува етнографски белег и идентификациски код на посебност и автентичност. Накитот е како симбол и израз на статус и економска моќ. Накитот како средство за покажување на елеганција, моќ и економски статус отсекогаш се носел и истиот ја зборува приказна за семејната, традиција, националната традиција и економската моќ на семејствата во Тетовско, вели кустосот Валентина Гавриловска.

Предвидено е изложбата да се одржи кон крајот на ноември или декември.

Тагови: изложбакултурно наследствомузеј на тетовски крајнакит

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Букети цвеќе денес беа положени пред бистите на народните херои Ѓоце Стојчевски-Амбарче и Тодор Ципоски-Мерџан во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.