Народните херои Ѓоце Стојчевски-Амбарче и Тодор Ципоски-Мерџан биле припадници на Третиот тетовски одред и загинале во битка со балистите кај мавровското село Беличица на 19 септември 1944 година.
Во знак на сеќавање и почит кон хероите на Тетово и нивните соборци, букети свежи цвеќиња пред бистите на народните херои Ѓоце Стојчевски – Амбарче кај паркот кај стара библиотека и на Тодор Ципоски – Мерџан во кругот на фабриката Тетекс положија делегации на општинската организација на Сојузот на борци Тетово, тетовската касарна, семејствата на загинатите бориц, а и на Општинската организација на СДСМ општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ И ученици .
Во борбата со балистите, бранејќи го селото Беличица загинале 19 партизани од Третиот тетовски партизански одред. По завршетокот на борбата со партизаните, балистите убиле 17 жени, деца и старци од селото, а потоа го запалиле до темел целото село. Биле заробиле и четворица партизани, од кои двајца биле стрелани во Тетово два дена потоа, на 21 септември.
По тој повод утре во дворот на црквата Свети Никола во теовската населба Колтук ќе биде одбележана годишнина од стрелањето на Младен Симовски – Требош и Андреа Ристоски Шварц.