• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

На Попова Шапка наврна снег, но се топи и не е за скијање

Во деновите од викендот на зимскиот центар Попова Шапка наврнаа нови 40-тина сантиметри снег, но временските услови не дозволуваат да започне скијачката сезона. Од ЕЛЕМ Турс подружница-скијачки центар „Попова Шапка“ велат дека топењето на снегот не дозовлува да се третира со тапкачи (ратраци).

09/03/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во деновите од викендот на зимскиот центар Попова Шапка наврнаа нови 40-тина сантиметри снег, но временските услови не дозволуваат да започне скијачката сезона. Од ЕЛЕМ Турс подружница-скијачки центар „Попова Шапка“ велат дека топењето на снегот не дозовлува да се третира со тапкачи (ратраци).

-Причината се високите температури кои не дозволуваат снегот да опстои односно веднаш се топи. Така снежната покривка е мека и при поминување со специјалната машина за тапкање на снег се намалува. Со тоа нема доволна висина на снежната покривка за скијање, изјави директорот на скијачкиот центар „Попова Шапка“ подружница на ЕЛЕМ Турс, Живе Алексовски.

И на почетокот на февруари два дена по ред врнеше снег на Попова Шапка, но тогаш силниот ветер ја оддува снежната покривка и не дозволи да има скијачка сезона.

На 26 февруари беше означен официјален почеток со работа на најновата шестоседна жичница на Попова Шапка. Поради неможноста скијачите да ја корисат, истата може да послужи за панорамско разгледување.

А.С

 

Поврзани објави

Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Следна објава

Часови по веронаука за возрасни во тетовската соборна црква Свети „Кирил и Методиј“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.