• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

На Универзитетот во Тетово дебата за скептицизмот и ентузијазмот за членство во Европската унија

10/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Учесниците на јавната дискусија со наслов „Справување со нелиберални и евроскептични наративи, оддолу“ имаа поделени мислења околу тоа дали поради актуелните полтички случувања е зголемен евроскептицизмот или евроентузијазмот. Оваа дискусија ја организираше Центар за европски стратегии Евротинк од Скопје на Универзитетот во Тетово, во партнерство со организации од Италија, Полска и Словенија на меѓународен проект.

-Цело време очекуваме зголемување на евроскептицизмот односно намалување евроентузијазмот. Меѓутоа многу често анкетите покажуваат дека сепак грешиме во тие наши очекувања.  Сега со оваа криза и посебно со тоа како се поставува ЕУ колку е спремна да ги прифати сега новите апликации од Украина или Грузија би очекувал дека ќе се зголеми повторно скептицизмот меѓутоа немаме податоци во моментот на кои може да се потпреме за да тврдиме.
Може да има пораст на скептицизмот поради сите разочарувања, поради неконзистентноста на процесот, кој се одвива и поради самата нестабилност моментално во Европа, изјави Димитар Николовски извршен директор на Евротинк.

Даниел Глејхгевихт од Колеџ за Источна Европа во Полска рече дека гледаме како историјата се забрзува и дека ова е тест за ЕУ. Според него тоа се однесува и за украинската, грузиската и молдавската аспирација за ЕУ, а ќе има влијание и на Западен Балкан.

– Кога станува збор за евроскептицизмот, мислам дека ова допрва треба да се види, но знаејќи од претходната криза, мигрантската криза со бегалците во 2015 година дефинитивно ќе има влијание на долг рок. Ова допрва треба да се види очигледно сега е фокусот на друго место, но мислам дека целата дебата за проширувањето ќе има поинаков пристап, особено по договорот од Лисабон, нема некој голем потег и промена во политиките на проширување. Исто така, претходните проширувања се доведуваат во прашање и на запад за тоа, така што дефинитивно ова ќе го сврти целото прашање и тема за пристапувањето во ЕУ, изјави професорот од Полска.

Деканот на Правен факултет, Ќебир Авзиу смета дека ќе преовладее евроентузијазмот.

-Посебен акцент беше ставен на тоа дали војната во Украина влијае во зајакнување на евроскептицизмот или ќе влијае кон забрзување на проширување на Европската унија особено према земјите од Западен Балкан. Ставот беше дека оваа војна која има тешки последици таму сепак ќе влијае позитивно и европските народи ќе бидат посвесни и побрзо ќе се заокружува процесот на ЕУ и кон Западен Балкан. Пред војната во Украина имаше голем евроскептицизам, сомнежите имаа идеи и идеологии кои беа против Европска унија меѓутоа сега сметам дека тие се во опаѓање и мислам дека процесот кон проширување и зајакнување на ЕУ е многу посилен од колку што беше порано, изјави Авзиу.

Покрај јавната дискусија, се одржи и работилница насловена Евроскептични наративи и контра-наративи.

 ас

 

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Лиценцираните такси превозниците побараа Општина Тетово да го сузбие нелегалниот такси превоз

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.