• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Недоволно спроведување на Законот за заштита на „свиркачи“, анализира невладиниот сектор

Од 1314 државни институции само 70-тина имаат определено лице за прием на пријави за корупција според Законот за заштитено пријавување на укажувачи односно пријави од ткн. „свиркачи. Од 2016 пријавени се 19 случаи директно до Комисија за спречување на корупција. Ова се резултатите од анализата на спроведувањето на законот изработена од Центарот за истражување „Форум“

24/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од 1314 државни институции само 70-тина имаат определено лице за прием на пријави за корупција според Законот за заштитено пријавување на укажувачи односно пријави од ткн. „свиркачи. Од 2016 пријавени се 19 случаи директно до Комисија за спречување на корупција. Ова се резултатите од анализата на спроведувањето на законот изработена од Центарот за истражување „Форум“

„И тие 70 јавни институции каде има определено лице за прием на пријавите немаат воспоставено продцедура. Тука спаѓаат  големи и сложени системи како на пример  Министерство за внатрешни работи кое вработува над 12 илјади лица, а според перцепција на граѓаните е една институција каде е присутна корупција. На ниво на цело Министерство е определно само една лице за прием на пријави кое работи и друго како професионални стандарди, крминалистика итн. Во приватен сектор каде се вработуваат 600 илјади луѓе има само 24 овластени лица за прием на вакви пријави, вели Александар Писарев од Форум.

Според резултатите од анализата за спроведување на законот не е обезбедена максимална заштита.

„Што се подразбира за заштита, пријавувач кога ќе поднесе пријава да биде заштитен да никој не го знае неговиот идентитет, тоа значи дека институцијата да обезбеди за лицето за прием на пријави посебен компјутер, посебен пасворд со кој никој не може да влезе. Тоа бидејќи ние сме мала држава, сите се знаат и тешко се чуваат вакви информации, рече Писарев.

Анализата има за цел да се утврди колку е опративен и како се применува Закон за заштитено пријавување на укажувачи. Законот е донесен 2015 како резултат на рамковен договор, со реализација е започнато 2016.

„Не може да бидеме задоволни од неговата реализација и оперативност затоа што очигледно не постои политичка волја во државата да почне негово спроведување. Тој закон требаше да биде една од последните алатки во борбата за корупција и да ги охрабри граѓаните да пријавувата се она што е спротивно на јавниот интерес. Се покажа дека институците не покажаа голема отвореност и многу располжение да именуваат лица кои ќе бидат одговорни за прием на пријава, рече Писарев.

Министерството за правда, МВР, Народен правобанители Комисија за спречување корупција се 4 главни столбови кои треба да го иницираат и спроведуваат законот. Законот предвидува казнени одреди доколку и не се поденсе извештај за спроведување на Законот со казни и до 60 илјади евра.

А.С

Тагови: закон за заштитаистражувањеукажувачицентар форум

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Промовирана монографија за основното училиште „Коста Рацин“ од Брвеница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.