• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Несовесно паркирање и покрај можноста за бесплатен паркинг во Тетово

07/07/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Иако од овој месец во дел од училишните дворови во Тетово се овозможува бесплатно паркирање, сообраќајниот метеж и непрописното оставање на возилата продолжуваат како непишано правило во летните месеци, особено со доаѓање на печалбарите. Од тетовската полиција потенцираат дека непрописното паркирање е причината за создавање на сообраќајниот метеж, па затоа апелираат за доследно почитување на законските прописи.

-Вчера (6 јули) биле откриени, законски санкционирани и подигнати вкупно 14 непрописно, односно погрешно паркирани возила, пред се во централното градско подрачје. Или во изминатите три месеци, април, мај и јуни, бројот на подигнатите возила од тетовската „пајак-служба“ изнесувал 380. Секторот за внатрешни работи Тетово апелира доследно да се почитуваат сите знаци и правила околу паркирањето. Да не се оставаат возилата на тротоари, зелени површини, во зона на крстосници или до контејнери. Зашто, во спротивно сопствениците на возила ќе бидат санкционирани со законски предвидените поднесоци и со парични глоби кои за ваквиот вид прекршоци се движат од 45 до 200 евра во денарска противвредност, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Доаѓањето на печалбарите ќе значи зголемување на бројот на возилата па од општина Тетово апелираат за користење на зонското паркирање како и бесплатниот паркинг во дел од училишните дворови.

-Во Тетово во летните месеци, во јуни, јули и август за потребите на граѓаните секоја година ги отвора школските дворови за да се зголеми бројот на паркинг места. Добро е граѓаните да ги користат тие паркинг места, поради зголемениот број на возила како резултат на дојдените  печалбари. Исто така во летниот период добро е граѓаните да не ги користат возилата со цел намалување на метежот во градот но и зачувување на животната средина имајќи во предвид дека Тетово е град каде секаде може да се стигне и без возило, велат од службата за односи со јавноста при општина Тетово.

Во Тетово од 2015-та година е воведено зонското паркирање. Во зона А на булеварите „Илирија“ (поранешен Маршал Тито) и дел од булеварот „Илинденска“ паркирањето чини 30 денари за еден час. Во зоната Б спаѓа зонско паркирање на повеќе улици, а еден час чини 20 денари.

А.С

Поврзани објави

Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Следна објава

Министерот Наќе Чулев во посета на станицата во Јегуновце

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!