• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Ниту бесплатен паркинг не го спречи несовесното паркирање во Тетово

Паркирање на тротоари, во зона на крстосници и кружни текови, во „двоен ред“ покрај зонско паркирање, па дури и оставање на возилата на зелени површини. Сето ова несовесно однесување на возачи се случува постојано во Тетово но и сега во летниот период кога се направи обид со дополнителни места за паркинг да се избегне ваквата слика на тетовските улици.

22/08/2019
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Паркирање на тротоари, во зона на крстосници и кружни текови, во „двоен ред“ покрај зонско паркирање, па дури и оставање на возилата на зелени површини. Сето ова несовесно однесување на возачи се случува постојано во Тетово но и сега во летниот период кога се направи обид со дополнителни места за паркинг да се избегне ваквата слика на тетовските улици. Ниту бесплатниот паркинг во дворовите на училиштата како да не беше доволно да се избегне несовесноста и практиката кај дел од возачите да ги паркираат возилата на недозволени места во Тетово. Голем број примери има низ градот во кој возилата се така паркирани на тротоари при што е целосно попречено движење на пешаците. Паркирање се прави и на зелените површини кои поради тоа се оштетуваат.

Несовеносната но и недостигот на паркинг места се главните причини за ваквата состојба, бележи новинарот во пензија Гојко Ефтоски. Тој потенцира дека веќе со децении ја има оваа проблематика која ја следел како новинар и се соочува како жител на Тетово.

-Паркирањето кој каде ќе стигне е практика веќе со децении. И јас како новинар пред многу години имам постојани пишувано на оваа тема, која е актуелна и сега. Проблемот додуша има повеќе аспекти. Има огромен број возила и малку паркинг места но сепак останува големата несовесност да се паркираат на тротоари и да им го отежнат движењето на луѓето. На топлово време тоа посебно е тешко за постарите лица кои онака едвај се движат, па уште треба и да заобиколуваат кола на тротоар за да поминат преку улица. Следен проблем е немањето паркинг пред стопански објекти и институции каде понекогаш и мора да се дојде поблиску. Така е на пример кај болницата, вели Ефтоски.

Инаку во текот на јули и август во Тетово веќе неколку години наназад може бесплатно да се паркира во дворовите на училиштата поради зголемување на бројот на возила со доаѓањето на привремено вработените во странство. Одлуката заеднички е донесена со цел да се овозможи и нормален и проточен сообраќај, образложија од Полицијата и општина Тетово. Граѓаните нивните возила можат да ги паркират во дворовите на гимназијата,,Кирил Пејчиновиќ“, кај старото медицинско училиште, како и кај основните училишта ,,Истикбал“ и „Лирија“.

За непрописното паркирање голем број тетовци се соочиле и со казни од полицијата.

-Полициските службеници во текот на јуни годинава изготвиле 301 поднесок за непрописно, односно погрешно паркирање на моторни возила во Тетово. Бројот на ваквите поднесоци во јули изнесувал 315, кога се се утврдени возила кои паркирале во таканаречени „двојни редови“, паркирање на тротоари, во зона на крстосници и во зелени површини. Најмногу од погрешно паркираните биле и подигнати од тетовската „пајак-служба“, со цел да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во Тетово од 2015-та година е воведено и зонското паркирање. Во зона А на булеварите „Илирија“ (поранешен Маршал Тито) и дел од булеварот „Илинденска“ паркирањето чини 30 денари за еден час. Во зоната Б спаѓа зонско паркирање на повеќе улици, а еден час чини 20 денари. Казните за погрешно и непрописно паркирање се движат од 20 до 180 евра во денарска противвредност.

Александар Самарџиев

Тагови: несовесностпаркирање

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Единствено во Волковија во тетовскиот регион можност за алтернативниот медицински третман апи-терапија

28/05/2023
Теми и интервјуа

И со факултетска диплома не може да се вработи лице со попреченост

06/05/2023
Теми и интервјуа

Голем број надградби и доградби во Тетово, неизвесно дали би издржале посилен земјотрес

08/04/2023
Теми и интервјуа

Шокантно сведоштво на тетовчанката Елизабета: На плоштад трчав и викав за да се спасам од напад на бездомни кучиња

20/03/2023
Теми и интервјуа

Сé повеќе деца стануваат насилници-промената може да се направи само дома, препорачуваат психолозите

20/03/2023
Теми и интервјуа

Александар Стојановски-Цули за искуството во турскиот град Адијаман : Град разрушен од земјотрес, нема боја, ние сочувствуваме со нивната болка, тие со нашиот предизвик

02/03/2023
Следна објава

Пронајдени 20-тина килограми марихуана кај две лица од Дебар при полициска контрола во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!