Ресторанот “Бисер Балкански” на сопственикот Љупчо Столевски вечерва започна со работа на нова локација во Лешок. Со свечена вечер беше означен почетокот со работа.
Легендарната кафеана “Бисер Балкански и на новата локација останува препознатлива по внатрешниот автентичен македонски роднокраен амбиент како и традиционалната скара на ќумур, вкусна храна и пијалоци.
Новата локација на “Бисер Балкански” е на патот кон Лешочкиот манастир Свети Атанасиј. Располага со летна бавча и голем паркинг.