Тетовскиот центар за јавно здравје во изминатото деноноќие има евидентирано 18 нови заболени од Ковид-19. Со тоа вкупната бројка на дијагностицирани во тетовско достигна 1640 лица.
-Од тие 18 лица, во рамки на општина Тетово се бележат 12 заболени, 4 се од општина Боговиње и по еден во општините Јегуновце и Теарце, информира д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при центарот за јавно здравје.
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот за неносење заштитни маски на 27 лица изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат на тетовското подрачје издал нови 70 решенија за изолација дома.
А.С