• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Нов меѓународен проект на средното стручно училиште Моша Пијаде во кој се спојуваат математиката и уменоста

Проектот е насловен : Math, Music and Art will keep you smart! или скратено MA(R)TH, соопштија од училиштето.

03/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Средното стручно општинско училиште Моша Пијаде од Тетово од почетокот на овој месец започна со реализација на нов Еразмус плус проект кој ги спојува математика и уметноста. Во проектот училиштето се вмрежува со ученици и наставници од Литванија, Хрватска, Турција, Грција, Италија и Македонија.

-Иако се чини дека математиката и уметноста не одат заедно, тим на професори од шест земји, меѓу кои беа и директорот Небојша Трпковски и професорот по математика Виолета Србиновска, создаде проект кој покажа дека математиката и уметноста се меѓусебно исплеплетени и така проектот е насловен : Math, Music and Art will keep you smart! или скратено MA(R)TH, соопштија од училиштето.

Ќе се користат веб-алатките и програмите за математика и уметност за да создадат интересни содржини за настава и учење.

-Математиката ќе биде презентирана на малку поинаков начин отколку што сме навикнати и како таква сигурно ќе биде поинтересна и попривлечна за учениците. Да ги спомнеме некои од темите: дропките и музиката, низата на Фибоначи во уметноста, фрактал (геометријски лик или математичко множество со структури што личат на самите себе.), математика и архитектура. Секоја од партнерските училишта ќе подготват презентации, ќе изготвуваат квизови, ќе фотографираат, ќе компонираат, ќе цртаат, ќе сликаат, ќе учествуваат во видео конференции.И учениците и наставниците ќе научат да работат во GeoGebra и Chrome Music Lab и користат 3D printer. Исто така, ќе има можност за размена на примери на добра практика, бидејќи ќе се организираат заеднички посети на сите партнерски училишта, изјави Виолета Србиновска, професор по математика.

Проектот ќе се спроведува 20 месеци или следните две учебни години.

 

Тагови: моша пијадеопштинскопроектсредностручноучилиште

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен со победа во среда повторно ќе го освои првенството

29/05/2023
Вести

Наградата за најдобра претстава за деца и младинци за „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа-Тетово

29/05/2023
Вести

Вчера од 14 до 19 часот санкциониран 31 мотоциклист, најмногу за немање заштитен шлем

29/05/2023
Вести

Искажани завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресуда на 5 јуни

29/05/2023
Вести

Трет обид за завршни зборови во судскиот процес за обвинетите во модуларната болница

29/05/2023
Вести

ФК Тетекс обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига

28/05/2023
Следна објава

Завршува изработката на иконостасот во манастирската црква Свети Георгиј во тетовска Мала Речица

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!