• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Обвинителството со истрага за осум лица осомничени дека ја злоупотребиле својата положба и овластување околу државно земјиште во Тетово

Надлежен обвинител што постапува по предметот во текот на денот до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд ќе достави предлог за определување мерка притвор за шест осомничени и мерки на претпазливост за две осомничени лица“, стои во денешното соопштение на Јавното обвинилтетсво .

30/12/2019
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Обвинителството со истрага за осум лица осомничени дека ја злоупотребиле својата положба и овластување околу државно земјиште во Тетово. Во соопштението на Јавното обвинителство се наведува :

„Надлежен обвинител при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело  – Злоупотреба на службена положба и овластување предвидено и казниво по член 353 став 5 од Кривичниот законик.

Кон крајот на месец август 2011 година првоосомничениот како тогаш одговорно лице – Претседател на спортско здружение од Тетово, со намера противправно да се изврши упис на право на сопственост, поднесувајќи лажни докази, започнал постапка за легализација. Кон Барањето за утврдување на правен статус на непостоечки објект, до Општина Тетово, приложил нотарски заверена изјава со која лажно изјавил дека станува збор за објект изграден во 1995 година и геодетски елаборат изготвен од второосомичениот во кој е прикажан непостоечкиот објект во површина од 122 м2.  На почетокот на 2012 година, постапувајќи по поднесеното барање две осомничени лица како членови на надлежната Комисија, со неизвршување на својата службена должност, извршиле увид на лице место и изготвиле записник, внесувајќи невистинит податок дека на парцелата постои бесправно изграден објект што претставува градежна и функционална целина. Подоцна, третоосомничениот со искористување на својата службена положба и овластување, иако знаел дека постојат правни пречки за издавање на урбанистичка согласност и продолжување на постапка за утврдување на правен статус за непостоечки бесправно изграден објект, изготвил и потпишал Урбанистичка согласност на име на непостоечко правно лице, со оглед на тоа што правниот наследник на спортското здружение е регистриран во Централниот регистар на РМ три месеци по донесување на урбанистичката согласност. Во декември 2012 третоосомничениот изготвил и потпишал Решение за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект.

Во меѓувреме, кога постапката за легализација се уште не била завршена со правосилен акт, шестоосомничениот во својство на службено лице – управител на  Друштвото за спортски активности, со намера да прибави противправна имотна корист за правното лице, поднел  Барање за купување градежно земјиште сопственост на РСМ.  Со барањето приложил Извод од ДУП што по негово барање противзаконски бил изготвен од страна на третоосомничениот кој внел невистинити податоци во планот.

Постапувајќи по Барањето за приватизација, административен службеник е осомничен дека извршил увид на предметната парцела и со искористување на својата положба и овластување изготвил Записник, внесувајќи невистинити податоци, по што предметот го доставил на понатамошно постапување. По добивање на Записникот, осмоосомниченото лице, постапувајќи по предметот, наместо да го одбие заради неисполнување на законските услови за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, без Извод од урбанистички план и без донесен ДУП, изготвило Решение за приватизација на градежното земјиште.

На овој начин осомничените овозможиле правното лице да се стекне со право на сопственост на градежно земјиште со површина од 4410 м2 откупувајќи го по цена од 43,00 денари за 1м2 или во вкупна вредност од 188.307,00 денари , а на штета на средства на Буџетот на РСМ во висина од 52.920.000,00 денари.

Надлежен обвинител што постапува по предметот во текот на денот до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд ќе достави предлог за определување мерка притвор за шест осомничени и мерки на претпазливост за две осомничени лица“, стои во денешното соопштение на Јавното обвинилтетсво .

 

Тагови: злоупотребаобвинителство

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Тетовската градоначалничка со осврт на 2019 и најава што ќе работи во 2020 година

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.