• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 28 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Обука како партиите повеќе да ги вклучат лицата со хендикеп во политичкиот живот

Во Тетово се одржува три дневна обука за претставници на политички партии со цел подигнување на нивните капацитети за зголемување на бројот на лицата со хендикеп во политичкиот живот. Организатори на обуката се „Полио Плус-Движење против хендикеп“ и Вестминстер фондацијата за демократија.

15/02/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово се одржува три дневна обука за претставници на политички партии со цел подигнување на нивните капацитети за зголемување на бројот на лицата со хендикеп во политичкиот живот. Организатори на обуката се „Полио Плус-Движење против хендикеп“ и Вестминстер фондацијата за демократија.

-Обуката е резултат на декларацијата за политичко учество кое нашето Собрание го донесе мината година на 23 декември. Во Тетово завршуваме третиот циклус на обуки каде работиме со политички партии со запознавање со одредбите на правата на лицата со хендикеп, начини и пристапи и нивните кампањи  да бидат пристапи и достапни за заедницата со хендикеп но и мотивирање и подигнување на јавната свест кај нив за што е можно поактивно вклучување на самите лица со хендикеп, во нивните кампањи како идни кандидати за пратеници или можеби министри,советници претседатели на комисии, изјави Елена Кочовска од “Полио Плус-Движење против хендикеп“

Според неа политичките парти покажуваат поголема свесност и подготвеност за вклучување на заедницата со хендикеп.

-Покрај обуката со политичките партии во следниот период ќе работиме со претставници и членови со хендикеп од политичките партии низ една политичка академија за лица со хендикеп со цел да ги подигнеме капацитетите и вештините на лицата со хендикеп членови на политичките партии за нивно поефикасно и поефективно претставување пред јавноста но секако и запазување на принципите од правата на лицата со хендикеп, истакна Кочовска од “Полио Плус-Движење против хендикеп“

Конвенцијата за првата на лицата со хендикеп е донесена во рамки на Обединетите Нации од 2006 година. Македонското собрание го има ратификувано во 2011 година.

А.С

 

 

Тагови: обукаполитички партии

Поврзани објави

Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Инфо компас

Во недела од 3 до 9 наутро нема да има струја поради работа на трафостаница

28/09/2023
Вести

Во Једоарце се празнуваше Крстовден

27/09/2023
Вести

На регионалниот пат Тетово-Јажинце ќе има семафори поради градежни работи

27/09/2023
Вести

Општина Тетово: Над 45.000 учебници недостасуваат во тетовските училишта

27/09/2023
Следна објава

Започнува правењето „Снежен град“на Попова Шапка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!