• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Одбележан денот на образование на турски јазик во Тетово

Во организација на основното училиште „Истикбал“ и општина Тетово беше приредна литературна вечер и културно-забавна програма.

21/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По повод 21 декември денот на наставата на турски јазик во Македонија пригодна манифестација се одржа во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово. Во организација на основното училиште „Истикбал“ и општина Тетово беше приредена литературна вечер и културно-забавна програма.

-Учениците од оснобните училишта „Истикбал“ и „Братство–Миѓени“ од Тетово, „Кирил Пејчиновиќ од Теарце и средното медицинско „Никола Штејн“ се претставија со разни литературни изведби на рецитали, драмски чинови и слично на турски јазик. Во културно забавниот дел настапија Културно уметничкото друштво Акиф Јахја од Теарце и Трио Дарабука, изјави Џунејт Јахја од основното училиште „Истикбал“.

Основното училиште „Истикбал“ во Тетово е најбројното каде настава на турски јазик следат 200 ученици. Во прво одделение годинава се запишани 23 ученици.  Околу 30 ученици на турски има во ОУ „Братство–Миѓени“.

21 декември се одбележува од 1944 година кога за прв пат започнала да се одвива настава на турски јазик во ОУ Тефејуз во Скопје.

А.С

Тагови: наставаТетовотурски јазик

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Вести

СВР Тетово: Изминатиот викенд еден малолетник затекнат во угостителски објект на улица „ЈНА“

30/01/2023
Следна објава

"И Тетовските Глумци Поа" се одржува вечерва по шести пат 

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.