Православните верници од утре петок 14 август го започнуваат Богородичниот пост кој трае до 28 август до празникот Успение на Пресвета Богородица.
Во овие две седмици Богородичниот пост е речиси исто така строг, како и Великиот пост:
– од понеделник до петок е строг пост
– сабота и недела е дозволено и масло,
– риба се дозволува само на празникот Преображение Господово (19 август).