• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Од јануари до јуни полицијата дала 9125 казни поради сообраќајни прекршоци

Откриените сообраќајни прекршоци   заокружени се со 4593  мандатни, 2679 прекршочни плaтни налози, како и со 1923 писмени опомени, а времено биле одземени 292 возачки и 315 сообраќајни дозволи, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

14/07/2019
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, изминатите шест месеци од оваа година во Тетовскиот регион вкупно откриле и соодветно санкционирале 9125 сообраќајни прекршоци, додека вкупниот број на контролирани возила во овој период изнесувал  27.717, соопштува СВР Тетово.

-Откриените сообраќајни прекршоци   заокружени се со 4593  мандатни, 2679 прекршочни плaтни налози, како и со 1923 писмени опомени, а времено биле одземени 292 возачки и 315 сообраќајни дозволи, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Применувајќи ги одредбите на  Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а поради констатирани различни видови прекршоци, од сообраќај биле исклучени 494 возила. Најмногу од исклучените возила 355 имале истечена регистрација до и над 30 дена, кај 138 утврдена е техничка неисправност, претежно на сопирачките и уредите за управување, а кај 1 претовар.

Во првото шестмесечие, од сообраќај се исклучени и 1312 возачи, од кои 726 кои управувале без возачка дозвола, 64 со несоодветна категорија, 32 со важечка забрана и 372 возачи-почетници

 

Тагови: полицијапрекршоцисообрачќајни казни

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Следна објава

Извршено осветувањето на црквата Свети великомаченик Георгиј Победонoсец во месноста Пештер во тетовското село Јегуновце

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.