• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Од 4812 сообраќајни контроли-казни за 1689 лица за само еден месец

Минатиот месец (декември), полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, на поширокото тетовско подрачје вкупно откриле и законски санкционирале 1689 сообраќајни прекршоци, а вкупно биле контролирани 4812 учесници во сообраќајот.

08/01/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Минатиот месец (декември), полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, на поширокото тетовско подрачје вкупно откриле и законски санкционирале 1689 сообраќајни прекршоци, а вкупно биле контролирани 4812 учесници во сообраќајот. Поради констатирани различни видови прекршоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, од сообраќај биле исклучени 84 возила.

Најмногу од исклучените возила (78) имале истечена регистрација до и над 30 дена, додека кај 6 утврдена е техничка неисправност, претежно на сопирачките. Во декември лани, од сообраќај биле исклучени и 219 возачи, од кои 98 кои управувале без возачка дозвола, 5 со несоодветна категорија, 4 со важечка забрана, 64 возачи-почетници и 48 кои управувале под дејство на алкохол, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Откриените сообраќајни прекршоци минатиот месец,  заокружени се со 305 прекршочни и 156 мандатни плaтни налози, како и со 1136 писмени опомени. Во декември,исто така, времено биле одземени 117 возачки и 62 сообраќајни дозволи, соопштува СВР Тетово.

А.С

Тагови: казнисообраќајни прекршоци

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава

Оштетено лизгалиштето кое треба да се монтира на тетовскиот плоштад

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.