• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

ОК ВМРО ДПМНЕ од Тетово со одговор на реакцијата на ОО на СДСМ Тетово

ОК ВМРО ДПМНЕ од Тетово достави одговор на реакцијата на Општинската организација на СДСМ од Тетово, дадена на соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ од Тетово и советничката група во советот на општина Тетово во врска со улицата “116“.

09/12/2019
во Вести
вмро дпмне тетово
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

ОК ВМРО ДПМНЕ од Тетово достави одговор на реакцијата на Општинската организација на СДСМ од Тетово, дадена на соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ од Тетово и советничката група во советот на општина Тетово во врска со улицата “116“.

Почитувани граѓани на Тетово, Реакцијата на ОО на СДСМ Тетово дека нашето соопштение во врска со асфалтирањето на улицата „116“, било наше комплетно лицемиерие, претставува само уште еден пример на непостоење конзистентност во политиката на СДСМ, непостоење на искреност, чесност и честитост на СДСМ како на централно, така и на локално ниво. Претставува само уште еден пример кога во недостаток на факти и аргументи, ОО на СДСМ Тетово повторно се обидува да манипулира со јавноста, да ја навредува и потценува интелигенцијата како на граѓаните на Тетово, а така и на својот политички опонент.

Во нашето соопштение, беше сосема јасно и децидно наведено дека во врска со прашањето за асфалтирање на улицата „116“, се работи за граѓанска иницијатива од над 200 жители од месната заедница “Кирил Пејчиновиќ“, што значи дека самото име кое го носи таа иницијатива, многу јасно говори дека се работи за иницијатива во која има граѓани од сите политични партии и неопределени граѓани.

Прашуваме, што тогаш од вака наведеното сооштение на ОК ВМРО ДПМНЕ од Тетово, претставува лицемерие ? Исто така, во нашето соопштение, беше сосема јасно и децидно наведено дека во програмата на СДСМ за локалните избори во 2017-та година беше предвидено асфалтирање на улицата „116“. Прашуваме, што тогаш од вака наведеното соопштение на ОК ВМРО ДПМНЕ од Тетово, претставува лицемерие ? Доколку внимателно и со разум беше прочитано нашето сопштение, можеби ОО на СДСМ Тетово, барем малку ќе направеше обид да сфати што сакавме да кажеме.

За жал, од ОО на СДСМ Тетово, повеќе од очигледно е дека не сакаат да сфатат дека тоа што беше ставено во нивната предизборна програма, тие истото им го ветија на граѓаните на Тетово, па затоа граѓаните во надеж дека ќе се реализира ветеното им дадоа доверба на последните локални избори. Но, тоа што ОО на СДСМ Тетово како власт на локално ниво, ветеното не го реализира, е само нивни неуспех. И, тоа е ноторен факт.

За жал, ОО на СДСМ Тетово не сакаат да сфатат дека со предизборните ветувања на последните локални избори ги изманипулираа граѓаните на Тетово, па затоа мораше и да дојде до граѓанска иницијатива. Тоа што од иницијативниот одбор им било кажано на ОО на СДСМ Тетово дека не сакаат политичка заднина од ниту една партија, говори за разочараноста на граѓаните од нив како политичка власт на локално ниво, но и како политичка партија од чии редови е и премиерот на Владата на РМ.

Исто така, тоа што ОО на СДСМ Тетово пред поднесување на иницијативата имале разговор со иницијативниот одбор и им била понудена подршка за асфалтирање на улицата, говори само за немање кај нив чувство за вина, за одговорност, искреност и конзистентност на ветувањата. ОО на СДСМ Тетово, беше потребно да го реализира ветеното во предизборната програма, а не да се обидува повторно со лажни ветувања преку нови средби со граѓани. За жал, таквиот чекор на ОО на СДСМ Тетово за одржување на неограничен број средби со граѓани, и постојано давање лажни ветувања се само манипулации од нивна страна, а од празни ветувања и манипуалативни однесувања, на граѓаните во Тетово им е доста. Затоа, тие и го добиле тој одговор од иницијативниот одбор дека граѓаните не сакаат политичка заднина од ниту една партија. Но, за жал ОО на СДСМ Тетово не успеале да ги сфатат и сопствените лаги и манипулации.

Навистина ни е жал, што ОО на СДСМ Тетово доставуваат неаргументирани реакции на наши соопштенија, а притоа не признаваат дека нашите соопштенија се само чиста вистина и приказ на реалната состојба во Тетово, и навистина ни е жал што без аргументи го навредуваат сегашното раководство на тетовскиот огранок на ВМРО ДПМНЕ. Искрено го советуваме ОО на СДСМ Тетово, да го искористат тоа малку време што им преостанува, разумно да постапуваат, имаат уште малку можност да ги поправат работите и да се обидат да го реализираат тоа што им го ветија на граѓаните на Тетово, затоа што не секогаш времето може да биде добар сојузник ! Кога се работи за доброто и интересите на граѓаните, потребно е целосно обединување, а не политички маркетинг.

За добробит на граѓаните, секоја заслужена критика треба да се прифати за добредојдена. Навистина ни е жал, што во нашето соопштение, ОО на СДСМ Тетово не ги препознаа нашите добри и искрени намери. Интересите на граѓаните, се наш заеднички интерес, и во такви околности треба да се надминат политичките, национални и верски разлики, затоа што пред се Тетово е наш град, а сите ние сме дел од Тетово !

Тагови: ок вмро дпмнеТетово

Поврзани објави

Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Вести

Кај Групчин две лица потешко повредени и тројца луѓе со телесни повреди по излетување на возило

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Следна објава

СВР Тетово: Продажба и пукање петарди се казнува со парични глоби и затвор

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!