• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Општина Тетово : Обезбедени пари за продолжување на Индустриска улица Тетово

Парите ќе се користат да се продолжи булеварот преку спортскиот центар се до касарната.

31/08/2019
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово информира дека е потпишан конечниот договор со Министерството за финансии и Светската банка за продолжување на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ попознат кај населението како Индустриска улица. Парите ќе се користат да се продолжи булеварот преку спортскиот центар се до касарната.

– Овој проект е приоритет за Општина Тетово, булеварот кој се планира да се гради е вклучен во Генералниот урбанистички план. Булеварот Видое Смилевски Бато е важен за пренасочување на сообраќајот кон периферијата во Тетово како и затоа што обезбедува врски помеѓу три важни рути до и од Тетово. Овој булевар ги поврзува патиштата до Скопје, Гостивар и Јажинце, изјави градоначалничката Теута Арифи.
Средствата во висина од 60 милиони 640 илјади денари се обезбедни од Светска банка преку министерството за финансии преку проектот MSIP.

-Ќе има нова должина од 671 метар, две ленти со ширина од по 7 метри, тротоари широки 2,5 метри од двете страни на улицата, зелена површина од 3 метри, линија за водоснабдување поврзана со постојната градска мрежа, колектор за дождовница, улично осветлување со 26 столба, изјави Арифи.

Продолжувањето на булеварите„Видое Смилевски-Бато“ и „Благоја Тоска“ долги години се очекуваат како трајни решенија за надминување на сообраќјниот метеж во градот.

Тагови: булевариндустрискаПродолжување

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава
вмро дпмне тетово

Соопштение на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово : Општина Тетово недоволно се грижи за децата од предучилишна возраст

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.