• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово одржа прес конференција

Претстедателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово Ангел Карапетров на прес конференцијата ја коментираше посетата на Аднан Џафероски, член на раководството на СДСМ.

17/08/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претстедателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово Ангел Карапетров на прес конференцијата ја коментираше посетата на Аднан Џафероски, член на раководството на СДСМ.

-Пред некој ден во посета на Тетово беше членот на ЦО на СДСМ Аднан Џафероски, човек кој целата македонска јавност го памети по тоа што на социјалните мрежи ширеше говор на омраза и посакуваше смрт на сите оние кои не ги делат неговите политички ставови.  Само да Ве потсетиме на еден негов ФБ статус кога истиот напиша, Ви цитирам: „Па дај умрете веќе еднаш…само ако умрете оваа сирота земја ќе може да преживее“. Навистина, многу неодговорно и непрофесионално изгледа кога првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување кој има за задача да заштитува и спасува човечки животи, истиот притоа да посакува и нечија смрт. Па се прашуваме, дали безбедноста и сигурноста на нашите граѓани може да се довери во рацете на оваа власт, истакна Ангел Карапетров

Тој се осврна и на политиките на СДСМ.

-Изминува третата загубена година отткако е на власт оваа неспособна елитистичка и корумпирана коалиција на СДСМ и ДУИ и на централно и на локално ниво, а тие дури сега се сетија дека во оваа држава има граѓани кои имаат свои потреби и барања. Оваа владејачка гарнитура  ветуваше “ЖИВОТ” во Македонија и даде безброј ветувања. Доколку ги заборавиле, ќе ги потсетиме. Ветуваа: Враќање на иселените, 500 евра месечна просечна плата, 100 000 денари плата на лекарите, поголеми пензии, бесплатно болничко лекување, странски инвестиции, нови вработувања, реконструирани патишта, нови булевари, катни гаражи, почист град, среден сообраќаен хаос, слободни пешачки премини и тротоари, спортски сали .

Меѓутоа, се што вети оваа “ЌЕ ВЛАДА“ излажа. Единствено во што успеаа оваа е обезличувањето и понижувањето на македонскиот народ и држава. Ги гледаме како се собрале во едно од  маалата во градот Тетовчанка, луѓе за кои дошол ЖИВОТ и вработување, но тоа е само најтесните раководства на СДСМ и нивните потесни семејства, додека останатите граѓани преживуваат и мака мачат да истераат крај со крај со мизерните плати и безработицата.

Почитувани, Тетово се иселува, се иселуваат цели семејства како никогаш до сега  на што сме сведоци секојдневно, а и тие што не заминале бараат начин како да заминат. Тоа е за жал, наши сограѓани, суровата реалност денес во која живееме.Затоа, оваа неспособна Влада на која приоритет и се партиските и личните интереси мора час поскоро да си замине., ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат во оваа наша заедничка борба, за да ја вратиме државата на вистинскиот пат и ја вратиме изгубената надеж во секој наш дом.   Народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе победат убедливо на предвремените избори. И да одговорност, мора да има. Никаков компромис со никој кој се огрешил спрема законот, кој злоупотребил народни пари без разлика кој и да е. Октоподот е во слободен пад, доаѓа обнова на Македонија, рече Ангел Карапетров

 

 

 

,

 

Тагови: прес конференција вмро дпмне

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Децениско соочување со дупки на улиците и сметот во стариот дел од Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.