• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Отворена подрачна канцеларија за социјална работа во општина Јегуновце

Со тоа жителите од населените места ќе имаат можност наместо во Тетово во општинскиот центар Јегуновце да ја посетат канцеларијата и да се пријават за разните мерки и услуги, истакна дополнителниот заменик министер Санела Шкријељ.

15/01/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во општина Јегуновце денес во употреба беше пуштена новата подрачна канцеларија на Центарот за социјална работа. Со тоа жителите од населените места ќе имаат можност наместо во Тетово во општинскиот центар Јегуновце да ја посетат канцеларијата и да се пријават за разните мерки и услуги, истакна дополнителниот заменик министер Санела Шкријељ.

– Имавме состојба на 30 меѓу општински центри за социјална работа. Во моменто работиме на отворање на 50 канцеларии низ општините ширум државата каква што денес ја отвораме во општина Јегуновце. Во пракса тоа значи дека тоа секој граѓанин и граѓанка на оваа општина нема да мора да оди до центарот за социјална работа во Тетово за да аплицира за некое право од социјална и детска заштита туку истото ќе може да го направи тука, рече Шкријељ.

Општина Јегуновце освен за отворање на оваа канцеларија со Министерството соработува и во однос на детската заштита.

-Ја отвораме подрачната канцеларија за подобар сервис на граѓаните на општина Јегуновце. Да се заблагодарам на Владата што овозможија за рок од две години да отвориме една градинка со капацитет од 40 деца од 2 до 6 години. За краток период уште една очекуваме дa се отвори во Прељубиште со капацитет од 50 деца. На овој начин ја продолжуваме соработката, рече градоначалникот Дарко Блажески.

А.С

Тагови: подрачна канцеларија јегуновцецентар за социјална работа

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Подрачни канцеларии за социјална работа во што поголем број рурални општини

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!