Младинскиот форум на партијата Алијанса за Албанците ја одржа првата конференција, при што за претседател беше избран Омер Ајдини од Куманово. На конференцијата негови против кандидати беа-Дардан Хисени од Скопје и Абдула Османи од Тетово.
-Ќе се бориме против криминалот и корупција, кратко истакна пред присутните по изборот претседателот на Младинскиот форум Омер Ајдини.
Пред присутните делегати на конференцијата која траеше 5 часа во Тетово, се обрати и партискиот лидер Зијадин Села.
-Младинскиот форум на Алијансата ќе ги следите аманетите на браќата Наим, Абдул и Сами Фрашери. Целта ние е да се промени однесувањето кон Албанците во Северна Македонија и да нема граѓани од прв и втор ред, туку сите да бидат рамноправни. Ќе се бориме против оние кои лажат и прават криминал и корупција, а држат државни работни места, рече Зијадин Села.
Ајдини има завршено магистерски студии по политички науки.