• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Печалбарите опремија две детски игротеки во тетовска Голема Речица

Со донација на печалбарите во дворот на основното училиште „Прпарими“ и кај Поштата во тетовска Голема Речица формирани се детски игротеки на отворено.

08/07/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со донација на печалбарите во дворот на основното училиште „Прпарими“ и кај Поштата во тетовска Голема Речица формирани се детски игротеки на отворено. Детските нишалки, лизгалки и слично ги набавиле луѓе од тетовска Голема Речица кои живеат и работат во Швајцарија.

Тие собрале пари и ја купиле опремата за детска забава кои потоа во координација со месната заедница и училиштето е одлучено да се постават во училишниот двор и на уште една локација во близина на Поштата во Голема Речица, со цел да бидат достапни за сите деца во местото.

Дојдоа печалбарите и ни кажаа дека сакаат да донираат детска игротека на отворено. Ние само им го одредивме местото за поставување. Тие сами ги набавија и поставија, така што немаме информација колку чини донацијата. Сепак сме многу благодарни што нашите ученици ќе имаат каде да се рекреираат. Се надевам дека и учениците исто така ќе знаат да ја ценат донацијата и дека ќе се потрудат да ги сочуваат реквизитите – изјави Насер Нухија, директор на ООУ „Прпарими“.

Инаку во основното училиште „Прпарими“ оваа учебна година од прво до деветто оделение завршиле вкупно 673 ученици. За наредната учебна година запишани се 80 првачиња во три паралелки.

Тагови: Голема РечицадведетскиигротекиопремијаПечалбаритететовска

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Во недела ќе се осветува новоизградена црква во тетовско Јегуновце

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.