• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 28 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Инфо компас

Платформа „Пријатели на Шара“ : Не прогласувањето на Шара за национален парк спротивно на повеќе политики за животна средина

Одолговлекувањето на процесот на заштита оди во прилог единствено на поединци кои ги ставаат личните финансиски интереси пред општото добро, велат од таму.

07/02/2020
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Платформата „Пријатели на Шара“ преку соопштение до јавноста образложи дека тоа што не се преземаат мерки за итно прогласување на Шар Планина за национален парк е спротивно на повеќе политики од аспект на животната средина. Истакнуваат дека во Законот за заштита на природа (член 75) којшто се однесува на забранети активности во национален парк, јасно стои дека во национален парк се поддржува одржливо користење на природните ресурси, односно не е забрането напасување на стока.

-Важно е да се нагласи дека според Законот за заштита на природата само во зоната за строга заштита се забранува напасување на стока, нешто за коешто би се залагале во иднина да се промени, се со цел одржување на пределите и високо планинските пасишта, велат од Платформата.

Од таму потсетуваат дека процесот на прогласување на делови од Шар Планина за национален парк ужива поддршка од 83 проценти од локалното население (според анкетата на Пријателите на Шара објавена во 2016 година, а спроведена со испитаници од сите шест општини во Полог).

-Според нас, одолговлекувањето на процесот на заштита оди во прилог единствено на поединци кои ги ставаат личните финансиски интереси пред општото добро. Информирани сме дека на почетокот на декември 2019 година во Министерството за животна средина и просторно планирање е предадена Студијата за валоризација на природните вредности на Шар Планина, во која се предложени надворешни и внатрешни граници (зони) на идниот национален парк од страна на експертски тим, но до овој момент, овој документ не е достапен за јавноста, се вели во нивниот допис.

„Пријателите на Шара“ потенцираат дека Македонија ја има ратификувано Бернската Конвенција за заштита на европскиот див свет и природните живеалишта.

-Во рамки на истата е идентификувана листа на Eмералд подрачја во која е вклучена и Шар Планина. Во исто време посочуваме дека нарушувањето на пределите на Шар Планина не оди во полза на алтернативните форми на туризам кои сѐ повеќе се нудат од страна на локалното население. Во време кога глобалната политика целосно се трансформира под притисок на климатските промени и огромната загуба на биодиверзитетот истакнуваме дека националните паркови и другите заштитени подрачја имаат поширока, заедничка вредност, односно нудат услуги за целата заедница и поширокото општество, а не само придобивки за секторите кои ги експлоатираат нивните ресурси, истакнуваат повеќето здруженија од платформата.

Не заштитувањето на Шар Планина не оди во прилог на остварување на целите од националните Стратегии за заштита на природа и за заштита на биолошката разновидност, а на меѓународен план, не оди во прилог на воспоставување на мрежата на заштитени подрачја на Европската Унија – Натура 2000, како неодложна обврска на земјата на патот за пристапување кон Унијата, потенцираат од Пријателите на Шара, платформа која од 2015 година е со мисија за лобирање и поддршка на процесот за идно прогласување на Шар Планина за национален парк.

Членки организации на Платформата се: Македонско еколошко друштво, Центар за едукација и развој, Теарце, Планинарски клуб „Љуботен“, Тетово и Иницијатива за граѓански интеграции од Гостивар.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Инфо компас

Во недела од 3 до 9 наутро нема да има струја поради работа на трафостаница

28/09/2023
Вести

Во Једоарце се празнуваше Крстовден

27/09/2023
Вести

На регионалниот пат Тетово-Јажинце ќе има семафори поради градежни работи

27/09/2023
Вести

Општина Тетово: Над 45.000 учебници недостасуваат во тетовските училишта

27/09/2023
Вести

Студенти од Таџикистан и Пакистан се тепале, еден повреден однесен во болница

27/09/2023
Следна објава

Тројца повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје при судир на три возила

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!