• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Повредени пешак и велосипедист-Полицијата со засилени контроли во сообраќајот

17/07/2019
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Две момчиња на возраст од 18 години се повредени откако во нив удрел во 22 годишник од Тетово кој возел Форд ескорт, вчера околу 14 часот на улицата „Браќа Миладинови. Едниот од момчињата бил на велосипед, а другиот одел пешки. По приемот за лекарска помош во тетовската клиничка болница биле задржани на лекување, соопшти СВР Тетово.

Од таму информираат дека е поради поради зголемениот број возила деновиве  е засилено полициското присуство и сообраќајно-контролните активности на подрачјето и посебно во Тетово и Гостивар.

-Целта е непречено и безбедно да се одвива сообраќајот на тетовските и гостиварските улици, но и на регионалните и локалните патишта. Се апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните знаци и пред се оние кои ја регулираат дозволената брзина, првенство на минување или движењето на пешаците и нивно преминување на улиците. На возачите, исто така, им се укажува да ги паркираат возилата само и единствено на наменски определените места, а не и на тротоари, во зеленило или пред крстосници, за да не го попречуваат движењето на другите учесници во сообраќајот, особено во централните градски подрачја, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово им советува на возачите целосно да се придржуваат на наредбите на полициските службеници задолжени за регулирање на сообраќајот во таканаречните „шпицеви“, за да се избегнат мешаници на крстосниците и на најфрекфрентните улици. Полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово законски ќе го санкционираат секој прекршок во функција на максимална сообраќајна безбедност на сите учесници

Александар Самарџиев

Тагови: велосипедистпешакповреденисвр тетовосообраќај

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Изгоре семејна куќа во тетовски Челопек

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.