• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Подрачни канцеларии за социјална работа во што поголем број рурални општини

15/01/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Голем е интересот на руралните општини за отворање на подрачни канцеларии на Центрите за социјални работи, што воедно ќе значи зголемување на вработувањата во оваа област како и развој и унапредување на зацртаните социјални реформи, истакна Санела Шкријељ, дополнителниот заменик министер во Јегуновце. Секоја област во државата пројавила интерес со оглед на потребите на граѓаните за поголема пристапност до овие услуги.

-Имавме прва фаза за изразување на интерес некаде околу 60 општини кои пројавиле интерес, втора фаза која сега тече. Ќе обезбедиме техничка поддршка за општините за подготовка на проекти. Рокот за аплицирање е до 30 април да имаат време да подготват издржани проекти,средствата се обезбедени така да ние сакаме да и целта ние секоја општина отвори социјален сервис согласно потребите на локално населние. Она што е цел на Министерството во секоја општина во нашата држават е има ваква локална канцеларија и затоа се склучува меморандум за соработка на МТСП, општината и Центарот за социјални работи. Со некои општини се усогласуваме во делот на простор и слично. Финално секоја канцеларија ќе има свој центар за социјална работа.  Фокусот е на рурални општини и на отворањето и во однос на градинките на овие центри за социјална работа за тоа што навистина долго време беа запоставени. Во овој регион во секоја друга општина ќе си добие канцеларија. Такви ќе има во Желино,Боговиње, Брвеница,Центар Жупа и Маврово и другите места, рече Санела Шкријељ.

Отворање на самите канцеларии значи и нови вработувања.

-Она што го имаме како план оние локални канцеларии за самите почеток да имаат тим од двајца луѓе затоа што тука ќе биде администрирање на правата. Со развојот на услугите, зависно од самата услуга, дали тоа ќе биде помош и во нега во домот или лична асистенција, во зависност од услуга така ќе се пристапи кон вработувањата. Паралелно инвестираме во рзвојот на услугите и сервисите блиску до граѓаните. Во моментот имаме отворено повик до сите општини да аплицираат со предлози за развој на сервиси. За истото имаме обезбедно 10.8 милиони евра заедно со Светската банка и во таа насока ги повикувам сите општини  да аплицираат, рече Шкријељ.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Меѓуопштинска соработка еден од клучните потенцијали за отворање старски домови

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.