• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Попова Шапка чека стабилно време за да може да се скија

Иако два дена по ред врне снег на Попова Шапка се уште нема услови за скијање на терените на овој скијачки ценатар. Причината е во силниот ветер кој го дува и го однел снегот.

06/02/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Иако два дена по ред врне снег на Попова Шапка се уште нема услови за скијање на терените на овој скијачки ценатар. Причината е во силниот ветер кој го дува и го однел снегот.

-Врнеше снег два дена интензивно, но уште посилен е ветерот. Имаме информација дека ветерот достигнува и до 75 километри на час што е причина да не може да се задржи на ски терените. Секој ден врнеа по 20-тина сантиметри. На некои места каде се задржани наноси од снег има покривка и повисока од 40-тина сантиметри, изјави директорот на скијачкиот центар „Попова Шапка“ подружница на ЕЛЕМ Турс, Живе Алексовски.

Доколку се стабилизира времето односно намали ветрот и има нови снежни врнежи уште во текот на наредниот ден би можело да се скија на Попова Шапка.

-Машините за подготовка на снегот може веднаш да излезат на терените и за кратко време да ги оспособат, само да се нормализира времето и да не ја одвее снежната покривка. За почеток може да се вклучат шест од ски-лифтовите Поток 1, Поток 2, Свети Илија,Ајдучка рамнина, Аеродром и Церипашина. Покрај повеќе снег за новата шестоседна жичница треба употребна дозвола од министерството за транспорт и врски, истакна Алексовски.

За да се пуштат во употреба ски-лифтовите за скијачи потребни се најмалку 30-тина сантиметри снег. Оние кои веќе набавиле ски карти истите ќе може да ги употребат.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

34 годишна жена приведена затоа што била агресивна со полијцаци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.