• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Порталот за електронски услуги може да се користи за пријавување на државните мерки-како субвенции за клима инвертери

Министерството информатичко општество и администрација во Тетово ја одржи втората од серијата јавни трибини на тема: „Дигитализација на јавните услуги“.

27/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Граѓаните од општините каде има субвенции за клима инвертори аплциирањето ќе можат да го направат преку националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk и со тоа лесно и во реално време да добиајт одговор на нивната апликација. Ова од Тетово го порача министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски објаснувајќи како со дигитализацијата на услугите се олеснува административниот процес. Министерството во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово ја одржи втората од серијата јавни трибини на тема: „Дигитализација на јавните услуги“.

„Целта на трибините е не само граѓаните туку и институциите да ги запознаеме со сите можности. Ги имаме сите елементи од технички аспект, сите услуги да се нудат на граѓаните. За тоа е потребно да се подигне свеста кај институциите, човечките капацитети. На трибините ги запознаваме институциите за да можеме повеќе да напраивме заедно и да нудиме електронски услуги на граѓаните„, рече Манчевски.

Засега има 128 електронски услуги на uslugi.gov.mk на три јазици.  Дел од електронското олеснување за граѓаните е Електронскиот регистар на население.

„Покрај порталот за електронски услуги се работи за електорнскиот регистар на население- сосема нов документ менаџмент систем, се работи за електронски систем за управување со управните постапки односно услугите кои што реално им требаат на граѓаните и се работи за систем за единствена најава со кој граѓаните со единствено корисничко име и лозинка може да се најават и да добијат било која од институциите. Интегрален дел од порталот е каталог на услуги каде ги излиставме сите услуги на централната и локлнат власт кои постојат. Тие се на едноставен начин напишани на порталот и граѓаните не мора да лутаат од инстуција до институција. Затоа соработката е со локалните власти, заеднички сме во проектот„, рече Манчевски.

За дигитализацијата на трибината освен министерот, зборуваа  градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, Азир Алиу од Факултетот за современи науки и технологии како претставник од академската заедница и  Бобан Милосавлески од бизнис заедницата.

А.С

Тагови: дигитализацијауслуги

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Наместо повеќе пластични картички - интеграција на документи

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!