• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Потпишани договори со изведувачи за реконструкција на улиците „Гоце Делчев“ и „Ѓоце Стојчески“

29/01/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски по денешната средба со тетовската градоначалничка Теута Арифи, најави дека за неколку недели започнува долгоочекуваната реконструкција на две улици „Гоце Делчев“ и „Ѓоце Стојчески“.  Информираше дека првиот тендер на проектот од Светска банка е веќе завршен и се потпишани  договори со изведувачите.

-За улиците „Гоце Делчев“ и „Гоце Стојчевски“ во наредните неколку недели би започнала реализацијата. Пред тоа треба да се направат сите подготвителни чекори и мерки од страна на општината со цел усогласување, ускладување и продолжување со реконструкцијата на овие две улици. Се работи за две улици од коишто едната е 15 милиони денари, втората е 7 милиони денари вредност, рече Бочварски.

Бочварски за локалните патишта истакна дека е на располагање на сите градоначалници на сите општини, секој локален пат којшто е значаен да го достават во однос на програмата на Светска банка.

-Доколку се работи за регионален, магистрален пат  тогаш таквиот патен правец треба да оди до Јавното претријатие за државни патишта за реализација во нивните програми. Нашата програма која што е преку Светска банка предвидува точно утврдени критериуми која општина колку средства ја следува согласно тоа тие треба да достават проекти коишто поминуваат низ два филтри и веднаш потоа влегуваат во реализаација. Парите се грант,  одобрени од Светска банка ги враќа на крајот државата, а општините се крајни корисници, истакна Благој Бочварски.

Поврзани објави

Вести

Ликовна мултикултурна работилница во ОУ „Гоце Делчев“-Тетово по повод Недела на детето

03/10/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово: Тешко повреден пешак на 79 години

03/10/2023
Вести

За девет месеци во 2023 изречени 5714 мерки за пребрзо возење на тетовското подрачје

03/10/2023
Вести

Дискусија „Политичко учество на лицата со попреченост“ – во 80 општински совети има само две лица со попречeност

03/10/2023
Вести

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ утре ќе се пеат во Тетово

03/10/2023
Вести

На патот Пирок-Тетово животот го загуби 18 годишно момче од Синичане

03/10/2023
Следна објава

Во 2022 година предвидена е изградба на нов автопат Тетово-Гостивар

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!