Оваа година постапка за изработка на физибилити студија за изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово, а наредната и работа на терен. Ваква најава имаше денес министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Тетово. Тој, заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи остварија средба со градоначалникот на општина Тетово, Теута Арифи, на која средба се разговараше за инфраструктурни проекти во општината и регионот.
Министерот вели дека отпочнува постапка преку „Јелоу фидик “за преку оваа годишна програма на Јавното претријатие за државни патишта (ЈПДП) за реконструкција, проширување и надградба на автопатот Тетово – Гостивар со цел ново модерно решение. Оваа година се можни проектирањата и сите физибилити студии.
-Моите очекувања се дека наредната година веќе ќе имаме можност и на терен да пробиваме и да работиме во однос на овој автопатски правец. Но, би сакал да најавам дека веројатно ќе се оди по дополнително нова траса, едниот нов правец којшто ќе биде со цел да не се рушат сите постоечки инфраструктурни проекти коишто ги имаме на овој патен правец. Другата насока да биде по друга траса, така што на онаа другата траса ќе се изгради правецот од Гостивар кон Тетово, а оваа постоечката да биде од Тетово кон Гостивар. е имаме модерно решение кое што ќе биде многу значајно за економскиот развој помеѓу општините во западниот дел од државата, рече Бочварски.
На новинарските прашања околу обиколница за Тетово, министерот реле дека се работи на идејата за клучка кај селото Требош.
-Навистина сакаме овде да направиме малку посовремено решение со што ќе избегнеме сите тешки теретни возила па и моторни возила кои немаат потреба да влегуваат во Тетово да на една клучка надвор од Тетово го заобиколуваат градот и да продолжат кон Јажинце и тоа е една нова клучка и нов пат којшто се проектира и после добивањето на сите проектни документации ќе обезбедиме и финансиска конструкција со цел да придонесеме за подобра комуникација во градот, да ги избегнеме гужвите и да им го олесниме животот на граѓаните,рече министерот.
Министерот потенцираше дека за тетовска Луковица ќе го отвори прашањето со ЈПДП околу постапката за асфалтирање на пат до ова село.
А.С