• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 28 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Теми и интервјуа

По некоја риба покрај многу ѓубре може да се најде во тетовската река Пена

20/07/2020
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

За тетовската река Пена најчеста карактеристика е дека претставува црна еколошка точка со многуте фрлени отпадоци, градежен шут и цврст отпад. Но од друга страна малкумина тетовци познавајќи го нејзиниот потенцијал од пред повеќе децении, се уште преку риболов се обидуваат да ја исползуваат нешто од големата природна вредност.

Пред повеќе децении реката претставувала вистинско богатство, особено делот од речното корито надвор од градот во правец кон месноста Бањиче. Тој предел бил користен дури за капење и пливање, како и за риболов.

-Летните месеци јули и август масовно се капеле луѓето во Пена. Чистата, бистра и ладна вода за секого беше освежување, но со текот на годините сето тоа се смени.  Ако порано ретко кој не се капел, сега ретко кој се осмелува да влезе во Пена , се смета за загадена и чести се периодите кога нема доволно вода. Сега само малкумина  се охрабруваат да го искористат природниот потенцијал на реката со ловење риба, а сосема ретки се прошетките по запоставениот речен кеј , што исто така е полн со отпадоци, објаснуваат повозрасните жители на Тетово.

Миле Карапетров е меѓу ретките во Тетово кој на оваа река се обидува да рибари.  При нашата средба за само десетина минути, овој средовечен човек сепак успеа да ја фати првата риба.

-Фатив пастрмка, кога има вода во реката не е проблем да се фати риба.  Во најдобрите периоди кога има вода во река Пена сум фаќал десетина риби. Тоа ми се случи есеноска, ја чистеа реката , а водата беше бистра и имаше високо ниво, објаснува Миле.

Според сознанијата на риболовните друштва во тетовско, во река Пена освен речната поточна  пастрмка се наоѓаат и кркушки.

-Водата на река Пена е ладна па освен поточна пастрмка и кркушка нема други. Кленот и бојникот поради текот на водата, не можат да се движат нагоре кон повисоките делови на планината, велат од спортско-риболовното друштво Пена.

Доктор Ратко Давидовски, специјалист по здравствена екологија при Центар за јавно здравје во Тетово објаснува дека периодов реката Пена има висока втора категоризација согласно испитувањата за квалитет на речните површински води.

-Редовните испитувања на површинските води на реките кои ги врши Центарот за јавно здравје покажуваат дека Пена останува во втора категорија на квалитет. Постојат 8 класи на параметри кои се показатели за категоризација на квалитетот на реките, каде прва категорија е најдобра, а четврта е најлоша. Можеби кај река Пена варираат параметрите од класите но категоризацијата претежно останува во втората категорија, потенцира Давидовски.

Добрата категоризација според докторот и покрај многу смет се должни тоа што реката се уште има моќ на самопрочистување со оглед на тоа што пролетоска имаше попрично високо ниво на вода која течеше низ речното корито.

-Фрлениот смет во речната вода е одраз на несовесноста и некултурата на населението. Фрлените пластики, амбалажи и мебел ја наградуваат, а голем дел од тој смет оди заедно со текот на речната вода. Проблем за реката претставува тоа што тие отпадоци не се разградуваат. Најголем загадувач претставуваат отпадните води од шарпланските села каде нема канализација. Органолептички знае да се има проблем со тоа што понекогаш се јавува матност, станува матна водата, додека микробиолошките е со добар квалитет, истакна Давидовски.

Во септември 2019 последен пат беше извршено чистење на речнито корито како превентива од евентуални поплави при појава на обилни врнежи од дожд, информираат од општина Тетово на прашањето околу намерите за одржување на чиста животна средина околу реката Пена.

Извориштата на реката Пена се на околу 2.500 метри надморска височина на шарпланинскиот масив. Тетовската река претставува најголема притока на Вардар која се создава на Шар Планина. Таа е со најдолг планински водотек, односно 29,7  километри од изворот до Тетово. Нејзината висинска разлика е 1.914 метри а просечниот пад 6,44‰. Поважни притоки на Пена се реките: Кривошиска, Лешничка, Чепеновска, Скакалска, Караниколска, Бродечка и други.

Александар Самарџиев

 

 

 

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Фирмите најголеми неплаќачи на даноци во Општина Тетово

23/09/2023
Теми и интервјуа

За најдобар мед од костен два шампионски пехари во Србија освои тетовчанецот Владимир Петровски

16/09/2023
Теми и интервјуа

Со години нема решение за депониите пред тетовските градинки-во градинката Поток купишта смет и во дворот

05/09/2023
Теми и интервјуа

Тетовски легенди-Иљко Мустак за десет години од 1953 до 1963 година направил околу 300 скокови со падобран

19/08/2023
Вести

Министерството за култура со иницијатива за преместување на библиотека, вработените алармираат дека тоа не е соодветно решение

10/08/2023
Вести

Повеќе од половина рурални тетовски води се небезбедни за пиење, населението се навикнало на таквата состојба

09/08/2023
Следна објава

Нови слики од сеча на дрвја на Шар Планина, се бара стопирање на уништување на шумското богатство

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!