• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

По пет години оформена фудбалска школа за деца од населените места во Општина Јегуновце

29/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По пет години прекин летово започна да функционира „Фудбалска академија Јегуновце 2022“, фудбалска школа за деца од десетината населени места во Општина Јегуновце.  Тие тренираат на игралиштето во Јегуновце, поранешен фудбалски дом на ФК Југохром.

-Огромен е интересот за тренирање на фудбал кај децата од населените места во општината и затоа ја започнавме оваа академија.  Почнавме со тренинзи од почетокот на јуни и достигнавме бројка од 64 деца од 7 до 14 години или од прво до деветто одделение. Интересот и понатаму е голем и очекуваме да се зголеми бројот на деца. Во јули правиме летна пауза, па од 15 август ќе се продолжи со тренинзи. Од септември ќе се натпреваруваме и во Детската лига на ФФМ, како и во Регионалната лига со деца родени 2009/2010, изјави тренерот Мишо Маринковски.

Идејата за развивање на млади фудбалери е помогната и од Општина Јегуновце како и од дијаспората.

-Општината ни пружа голема помош и ќе има голема заслуга за развој на млади фудбалери од нашиот крај.  Со нивна помош оспособен е теренот на игралиштето во Јегуновце, а тие обезбедуваат и комби превоз за децата кои од десетина села доаѓаат во Јегуновце за тренинг. За опремата ни помогнаа иселениците од нашиот крај со чија помош се обезбедија топки, дресови  слично, изјави Маринковски.

Тренерот Маринковски е поранешен фудбалер на Тетекс и Вардар.

ас

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава

Спречено ширење на пожар во плевна во тетовско Камењане

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.