• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Пред сите банки во Тетово редови за нови сметки

18/08/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Огромни редови на луѓе без растојание има пред сите банки во Тетово, претежно со пензионери и други лица кои сакаат да отворат нови трансакциски сметки откако пропадна Еуростандард банка, со цел да ги добиваат своите плати, пензии, социјална помош и други видови примања.

Според сликите од пред самите банки, само некои од нив имаат луѓе кои се ангажирани од фирмите за обезбување за да одржуваат ред и растојание, но и покрај тоа евидентни се метежите со луѓе пред овие објекти. Кај дел од банките, влегува кој како ќе стигне, се пожалија дел од тетовци.

-Нема никаков ред, се туркаат луѓето и никој не почитува никого и ништо, велат дел од луѓето кои се обидуваа да влезат во банките.

Поради топлото време неколкумина дури и се откажаа од со оглед на здравствените проблеми.

-Патам од висок притисок, и само што почекав малку на сонце, ми се слоши и се одлучив да дојдам друг ден, вели 65 годишна пенизонерка.

На почетокот на пандемијата со коронавирусот во април неколку дена и припадници на Армијата во Тетово започнаа да соработуваат со полициските службеници во одржувањето ред за влез во објектите каде функционираат банките, телекомуникациските компании и маркетите при што вообичаено се собираа повеќе луѓе.  Сепак тоа траеше неколку денови, по што редовите пред овие објекти станаа секојдневие.

Ниту општина Тетово не направи активности околу сузбивање на оваа појава.  Од таму неколку пати, градоначалничката побара преку прес-конфреенции банките да најдат модели на одржување на безбеден ред со цел превенција од ширење на коронавирусот.

А.С

 

 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Тетовската касарна го одбележа Денот на македонската Армија

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!