• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

„Преку врата доаѓа лето“-мото на Демократската партија на Албанците за изборите

На градскиот плоштад во Тетово партијата одржа прес-конференција за ги претстави сите членови на ново избраните партиски оддели и комисии.

25/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Демократската партија на Албанците (ДПА) го објави мотото „Преку врата доаѓа лето“ со кое ќе настапи на превремените парламентарни избори на 12 април. На градскиот плоштад во Тетово партијата одржа прес-конференција за ги претстави сите членови на ново избраните партиски оддели и комисии.

-Иако на македонски тоа нема да функционира како што треба, ќе има експерти што ќе преведат. „Преку врата доаѓа лето“ на албански има и рима. Ние сме спремни како ДПА не само со платформа и со програма туку сме спремни и со структура и со професионални структури кои ќе се појавата денеска пред јавноста. Бараме од Албанците и од другите граѓаните да ни даваат мандат имаме сите експерти, спремни сме да преземаме одговорност и власт. Власта нема да ја преземе за да ја употребиме за себе туку преку таа власт ќе сакаме ако биде тоа возможно да им служиме на Албанците и на сите граѓани, рече партискиот претседател Мендух Тачи.

Според него оваа понуда со истакнати професионалци, покрај досегашните познати платформата и програмата  ја прави ДПА уникатна во однос на другите партии.

-Една комплетна екипа на професуионалци кои имаат и искуство кои можат да раководат со институциите на системот и да раководат со Владата на Република Македонија. Ова е еден од најважните фактори после програмата и платформата. Другите политички партии на Албанците не само првото што ја немаат, мислам дека и второто веќе е јасно дека не поседуваат ресусрси кадровски и професионални кои би раководеле со институциите,рече Тачи.

За евентуалните предизборни коалиции Тачи истакна дека е рано да се зборува.

-Не сакам предвреме да зборам, има можности на помали партии на Албанците и други асоцијации и второ овие луѓе што ги гледате тука уште дупло повише имаме професионалци кои сакаме да ги заштитиме од репресиите на другите политички партии поготово ДУИ кои се нажалост 99 отсто од локална и централната власт ја држат. Не се само овие луѓе кои ќе ги раководат институциите, имам перфектни професионалци кои не сакаме да ги експонираме за да не бидат објект на репресија на ДУИ,  истакна партискиот лидер.

А.С

 

Тагови: дпамото

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава

„Мајски латици“ конкурс за најдобри песни и ликовни творби на Здружението за култура и уметност „Иљо Антески-Смок“ од Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.