• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Прес конференција на Бобан Видоески претседателот на ОО СДСМ Тетово

Другари од ВМРО ДПМНЕ минатата недела се асфалтираше последниот километар, и со тоа се заврши комплетната реконструкција на патот. Така што средствата наместо во нечиј џеб како шти велите Вие, завршија во интерес на граѓаните, истакна Видоески.

30/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиуми,

Почитувани другари од раководството на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ќе употребам еден народен израз: “Мувата Ви е на капата”. Цитирам ” Патот Тетово -Попова Шапка требаше да се асфалтира во должина од 18 километри, меѓутоа последниот километар од истиот остана неасфалтиран. Во чиј џеб заврши тој еден километар? Завршен цитат.

Другари од ВМРО ДПМНЕ минатата недела се асфалтираше последниот километар, и со тоа се заврши комплетната реконструкција на патот. Така што средствата наместо во нечиј џеб како шти велите Вие, завршија во интерес на граѓаните.

На патот од Тетово до Попова Шапка  поставивме нов асфалт во должина од 18 километри и 200 метри. Прва реконструкција откако е изграден уште од времето на Тито, а имавте цела една декада. За Ваша информација, реконструкција беше целосна. Го чистивме  патот по цела должина, ги саниравме дупките , презедовме безбедносни мерки, па дури на крај го поставивме асфалт над целиот коловоз.

Ширење на лажни вести, деградација и заплашување на младите, бесрамно лажење се Вашиот адут и навика, уште од времето на бегалецот Груевски, па се до времето на неговиот денешен гаваз Мицковски. Разбирливо!  Ако го занемариме Вашиот криминал со автопатите во Вашето 10 годишно владеење имате направено само 7 км пат, па оттука не знаете како да ги изброите и измерите овие 18.200 метри.

Бидете достојни кон граѓаните на Тетово и Вашите симпатизери. Потполно е разбирлива Вашата паника, колку и да сакате да ја скриете вистината не можете. Во името на вистината: Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на дадените ветувања.

Овој е еден од основните и значајни патишта за нашата општина, бидејќи е единствениот пат кој директно поврзува со ски-центарот Попова Шапка. Со тоа се дава придонес и на развојот на туризмот затоа што Попова Шапка е еден од најстарите туристички центри на Балканот. И не е само патот, за да еден европски скијачки центар биде комплетен со негова инфраструктура веќе е поставен новиот шестосед, нешто за кое што Вие во Вашето децениско пљачкосување на нашата држава исто така немавте слух.

Градиме по план, инфраструктура за сите, ја приспособуваме целата урбана и рурална инфраструктура да биде во функција на потребите на граѓаните, па и на Вас драги другари од ОК ВМРО-ДПМНЕ Тетово.

Ве поканувам  во недела на 6ти октомври во 10часот заеднички да ги извозиме новите 18.200 метри и другарски заедно со граѓаните и останатите политички субјекти, во една еко-акција  ја исчистиме од смет оваа наша природна убавица со што би се приклучиле на современото европско живеење !

Тагови: оо сдсм тетовопрес конференција

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Македонските параглајдеристи најдобри на меѓународниот параглајдинг натпревар на Попова Шапка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.