• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Претријатијата да аплициираат за субвенции за поставување на филтри на оџаците

Фирмите имаат можност до 23 септември да се јават на повикот на Министерството за животна средина во рамки на имплементација на планот за чист воздух.

19/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Малите и средните претријатија од Полошкиот регион да аплицираат за субвенционирање со цел да добијат филтри за на оџаците од системите за затоплување, повика заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули од Тетово каде беше во посета на фабрика за мебел. Фирмите имаат можност до 23 септември да се јават на повикот на Министерството во рамки на имплементација на планот за чист воздух.

– Вој повик е во рамки на имплементација на планот за чист воздух откако мината година на предлог на граѓанската организција Еко Герила дојде до иницијатива за поставување на филтри на  мали и средни претријатрија кои дел од отпадот го користат за затоплување. Исто времено  дадовме 5 милиони и 200 илјади денари за општина Тетово за објект каде треба да биде заменето затоплувањето. Средствата се префрлени и очекуваме да избереат некој јавен објект. Целта е се  помалку објекти да загадуваат. Има и други иницијативи сите јавни институции да не загадуваат и да го заменат мазутот со друг начин на затоплување. Веруваме дека процесот полесно ќе тече и со гасисификацијата,рече Макрадули.

Во проект е предвено да бидат опфатени 30 фирми според одредени критериуми, а вредноста на субвенциите е 2,5 милиони денари.

-Со ова се бориме со самиот извор на загадување. Задоволни сме што Владата се одлучи да ги субвенционира фирмите, а ние како организација ќе бидеме од техничка помош на фирмите околу документацијата. Би сакале да биде продолжен рокот зошто не фирмите се уште не разбрале па да можат да аплицираат,рече Аријанит Џафери од Еко Герила.

-Нашата компанија има интерес и ќе аплицира за добивање на овие филтри. Како фирма сакаме да аплицираме со цел да придонесеме за заштита на животната средина, изјави Арсим Сејфули.

 

 

 

Тагови: животна срединаоџацисубвенции

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

ДОМ Тетово : Во време на аерозагаденост возилата надвор од Тетово да се оставаат на јавни паркинзи

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.