• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

„Пре-преведувањето, потреба или принуда“ тема на средбата на книжевни преведувачи во Лешок

11/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Традиционалната меѓународна средба на книжевни преведувачи по 48-пат од денес започна да се одржува во манастирскиот комплекс Свети Атанасиј во тетовски Лешок. Во објектот на духовно-културен центар Кирил Пејчиновиќ, учесниците дебатираат на темата „Пре-преведувањето, потреба или принуда“.

-Се дебатира што мислиме на тоа да се работи на делата кои веќе се преведувани и објавени на македонски јазик пред 40-50 години. Дали постои потреба истите да се препреведат и дали тој новиот превод е подобар и дали ги има оние суштински квалитети кои треба да ги има, изјави Стефан Симовски, претседател на Советот на меѓународната средба.

Преведувачите дебатираат и за проблемите со кои се соочуваат од друга природа.

-Реално преведувачите се соочуваат со низа на проблеми од аспект на финансии што влијае на брзината која се бара да се преведе едно дело. Конкурсите на странските фондации се пофлексибилни и има период каде нема потреба за брзање, а за пообемно дело се потребни од 6 месеци до една година. За жал роковите кои ги има во Македонија се кратки, бидејќи единствениот кој има има буџет и е најголем финансиер е министерството за култура. Кај нив мора средствата да се искористат во рамки на календарска година или пропаѓаат. Има потреба да се одвои конкурс за превод од оној кој што е тековниот конкурс каде сите се пријавуваат, вели Симовски.

Покрај домашните учесници, има преведувачи од Русија, Германија и Хрватска.

Тагови: книжевнипреведувачипрепреведувањесредба

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Прес конференција на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.