• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Актуелно

Приведени повеќе лица поради поседување дрога, а еден за издржување затворска казна 

21 годишен жител на селото Камењане приведен за издржување затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. 57 годишен тетовец (А.М) завршил во Полициската станица во Тетово, откако во неговиот дом и помошните простории кои ги користел била пронајдена дрога.  Три лица лишени од слобода поради пронајдена марихуана при преглед на возило.

17/07/2019
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

21 годишен жител на селото Камењане (С.Ш.) вчера околу 14 часот и 15 минути бил приведен од полицијата врз основа на судска наредба. Тој е осуден на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.По приведувањето во СВР Тетово, спроведен е во КПУ „Тетово“ за издржување на затворската казна.

57 годишен тетовец (А.М) завршил во Полициската станица во Тетово, откако во неговиот дом и помошните простории кои ги користел била пронајдена дрога. Како што соопштија од СВР Тетово, полициски службеници вчера околу 17 часот и 30 минути извршиле претрес во домот на А.М. лоциран на улица „Илинденска“ во Тетово, при што била пронајдена марихуана. Тој бил приведен и задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

Од тетовската полиција информираат и дека вчеравечер била пронајдена дрога при претрес на возило на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово.  Околу 21 часот и 20 минути, полициски службеници забележале патничко моторно возило „Ауди А5“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 39 годишник (Д.М.), а во кое се наоѓале и 18 годишник (С.Д.) и 16 годишно лице, сите од Тетово. При преглед на возилото пронајдена е марихуана, дробилка и ризла.  Лицата се лишени од слобода по што ќе следи расчистување на случајот.

Јована Костеска

Тагови: дрогазатворнаркотични средстваполицијаприведувањеСВРТетово

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Повредени пешак и велосипедист-Полицијата со засилени контроли во сообраќајот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.