• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 9 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Актуелно

Прогласени победниците на „Предизвикот на Шар Планина“

о рамки на маратонскиот предизвик беа предвидени планинарско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам, од тетовскиот градски плоштад до Попова Шапка.

20/07/2019
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Заврши натпреварувачката манифестација „Предизвикот на Шар Планина“ во организација на општина Тетово и Здружението за спорт „Прв до врв“. На овогодинешното второ издание свое учество зедоа 120 спортисти аматери од целата земја.  Во рамки на маратонскиот предизвик беа предвидени планинарско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам, од тетовскиот градски плоштад до Попова Шапка. Овогодинешни победници во друмски велосипедизам беа Тефик Салахи со број 311 на првото место, Кирил Марковски со број 303 на второто и Драган Николчевиќ со број 304 на третото место. Во категоријата планински велосипедизам првото место го освои Игор Трпковски со број 207, втор беше Стефан Узунов со број 201, додека третото место му припадна на Перица Стаменковски со број 206.  Најбрз од машките во категоријата планинарско трчање беше Стојче Петровски со број 110, по него на второ место пристигна Денис Богоевски со број 108, а на третото место се најде Бојан Сапунов со број 147. Од девојките во истата категорија првото место и припадна на Билјана Кираџиева со број 103, втора беше Весна Кираџиева со број 109, а трета Валентина Узунова со број 150.  Овогодинешниот настан беше подржан и од градоначалничката на Тетово Теута Арифи, која го искажа своето задоволство што од година во година има се поголем број на пријавени, што според неа е „ добар показател дека се стремиме да создаваме и градиме здрав живот и натпреварувачки дух“.  -Оваа активност, спроведена во партнерство на Општина Тетово со здружението „Прв до Врв“ од Скопје и покрај натпреварувачкиот карактер, ја носи и пораката за здрав живот, која ние како општинска администрација веќе многу години се обидуваме да ја промовираме преку формални и неформални политики и поддршка на таквите спортски активности, истакна градоначалничката Теута Арифи. Патеката за планинско трчање беше долга 10 километри, додека патеките за планински и друмски велосипедизам беа во должина од 20 километри. Јована Костеска

Тагови: велосипедизаммаратоннатпреварпопова шапкапредизвиктрчањеШар Планина

Поврзани објави

Вести

Помош за Турција и Сирија може да се остави на плоштад и во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

08/02/2023
Вести

Акциска контрола на товарни возила-казни за шест возила

08/02/2023
Вести

Доцни изградбата на пречистителната станица за отпадни води за Тетово

08/02/2023
Вести

Движењето Антикоцкање: Kрајно време беше да се најде начин за оддалечување на објектите на игри на среќа

08/02/2023
Вести

Жител на Ѓермо задржан во полициска станица по пријава за напад од вработена во локал

08/02/2023
Вести

АПИС : Не постојат аргументи за вакви ригидни политики кон игрите на среќа

08/02/2023
Следна објава

Бањиче-добри и лоши страни

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.