• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Ќе се празнува Свети Илија патрониот празник на црквата во тетовска Лукојца (Луковица)

Во 10 часот започнува свечената црковна литургија во црквата „Свети Илија“ , а за 12 часот  е предвидена братска и сестринска трпеза на љубовта и сеопшта народна веселба.

30/07/2019
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Манастирската црква „Свети Илија„ од село Лукојца (Луковица) ги поканува верниците и граѓаните на прослава на патрониот празник на 2-ри август, петок 2019 година – Илинден. Во 10 часот започнува свечената црковна литургија во црквата „Свети Илија“ , а за 12 часот  е предвидена братска и сестринска трпеза на љубовта и сеопшта народна веселба. Заинтересираните за превоз да се јават на 070-371-616.

Патрониот празник Свети Илија на црквата во тетовското планинско село Луковица (Лукојца) е поводот голем број граѓани од многу градови да дојдат во ова речиси иселено село на планината Сува Гора на 2-ри август Илинден.  Селото се наоѓа на речиси 1000 метри надморска височина во склоп на општина Желино.  Од црковниот одбор ги покануваат сите верници на заедничка прослава која секоја година ја организираат повеќемина кумови.

-Оние кои потекнуваат од Луковица или Лукојца на тетовски дијалект живеат насекаде низ Македонија.  Поради тешка пристапност до селото со оглед дека дел од патот со децении стои неасфалтиран луѓето се преселнија освен во Тетово и Скопје и во другите градови на државата како и во Србија  и западно-европските земји, вели Ацо Спасеновски од црковниот одбор.

Минатата 2018 година во Луковица се освети параклисот посветен на Света Петка изграден на влезот во тетовското планинско село Луковица. Градењето на црковниот храм траеше 14 години, а со тоа селото доби трето православно светилиште, по црквите Свети  Илија и Свети Георгиј.

Во црквата Света Петка во план е довршување на фрескоживописот, но и уредување на дворот со цел да собере поголем број на верници кои ќе сакаат да и оддадат почит на светицата.

 

Тагови: илинденлукојцапразниксвети илија

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

Две лица се повредени на свадба поради пукање со огнено оружје

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!