• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Протест на жителите на Камењане поради реорганизација во училиштето

Протестот е во знак на револт и несогласување со одлуката на општина Боговиње таму да се прави градинка, а паралелките од прво до петто одделение да се префрлат во зградата погоре во селото каде што учат од шесто до деветто одделение. Тие сметаат дека повеќе се прави штета на учениците со оваа одлука.

14/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Жителите на Камењане одржаа протест денеска пред старата зграда на основното училиште „Сабедин Бајрами“ во знак на револт и несогласување со одлуката на општина Боговиње таму да се прави градинка, а паралелките од прво до петто одделение да се префрлат во зградата погоре во селото каде што учат од шесто до деветто одделение. Тие сметаат дека повеќе се прави штета на учениците со оваа одлука.

-Пренесувањето на учениците во друг објект ќе го попречи нормалниот развој на образовниот процес. Со ставање на сите ученици во едната зграда ќе се намали бројот на училници, ќе се оди во две смени и ќе нема простор за кабинети и слично, изјавија жителите на Камењане.

Од оштина Боговиње информираат дека во старата зграда каде што учат ученици од прво до петто одделение има услови за градинка и се издвоени средства за прилагодување.

-Имајќи предвид дека централната зграда на училиштето ги исполнува сите услови за добар образовен процес, побаравме од училишната администрација да се реорганизира и да воведе. Како резултат на оваа акција, старата училишна зграда на ОУ „Сабедин Бајрами“ останува празна и развиен е голем проект за адаптација за градинка со капацитет до 150 деца. Усвојувањето на овој проект е во вредност од 12 милиони денари, така што се занимаваме со сериозна капитална инвестиција каде нашите деца ќе имаат значително подобри услови отколку што имаат досега и со оваа инвестиција ќе се зголеми квалитетот на пружената нега, се вели во писмениот одговор на градоначалникот на Боговиње, Албион Џемаили.

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека е надлежна на општината да определи локација за градинка и дека тие постапуваат по барањата на општините.

Тагови: камењанепротестучилиште

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Следна објава
вмро дпмне тетово

ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово со реакција на прес конференцијата на ОО СДСМ Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.