64 годишен тетовец Р.Р. вчеравечер бил приведен откако во неговиот дом било пронајдено оружје.
Според информациите од СВР Тетово, полициски службеници вчера од 21 до 22 часот, врз основа на судска наредба извршиле претрес во домот на Р.Р. на улица „Андреја Стојановиќ“ во Тетово. При претресот биле пронајдени автоматска пушка со рамка со 29 куршуми калибар 7,62 милиметри, пиштол „Глок“ со рамка со 6 куршуми и 32 други куршуми со различен калибар.
По претресот, Р.Р. бил приведен и задржан во Полициската станица Тетово, додека пронајденото оружје е фотодокументирано и одземено за вештачење. Во текот на денешниот ден Р.Р. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот Суд Тетово.
Од тетовската полиција и информацијата дека вчеравечер при преглед на возило на улица „Љуботенска“ во Тетово била пронајдена дрога.
Околу 23 часот и 30 минути, полициски службеници запреле и извршиле преглед на патничко возило „Опел Астра“ со тетовски регистерски таблици. Возилото го управувал 19 годишник од Тетово (М.А.) а во него се наоѓал и 22 годишник (С.Б.) исто од Тетово. При прегледот, во возилото биле пронајдени марихуана, ризла и 5 ножеви на расклопување. Лицата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово по што ќе следи целосно расчистување на случајот.
Јована Костеска