• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 24 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Само нов автопат Тетово-Гостивар решение за лошата состојба на коловозните ленти

20/10/2019
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Изграден е пред 20-тина години, се нарекува автопат Тетово-Гостивар, но сепак е експресен пат на кој се наплаќа патарина и е во лоша состојба. Патот има 4 коловозни ленти и дупки на целата должина од речиси 20 –тина километри. Валентин Тасески, кој во минатото бил надзорен инжинер на патот, ретко имал можност да следи како се извршуваат санации.

„Направен е патот негде 1997/98 и оттогаш наваму е многу ретко саниран. Крпењето на спорадичните ударни дупки е многу ретко правено и се гледаат последиците од тоа.  Ги има во голем дел поготово од Жеровјане кон Гостивар десната трака, и од Жеровјане кон Тетово десната трака“, вели инжинерот.

Сегашната лоша состојба е резултат на неодржувањето на оваа делница, вели тој.

„Дополнително заради не одржувањето односно можеби и дел потрфлањето што не е автопат него е експресен пат лошо е димензионирана подлогата и  многу места има многу длабоки колотрази. Тоа особито доаѓа до израз и ја демонстрира целата опасност кога има обилни дождови. Ако пред вас вози поголемо товарно возило, дека буквално не можете да возите од водата што ја прска возилото возејќи по колотразите кои се по 3-4 сантиметри длабоки, истакна Тасески.

Летоска, Зоран Китанов директорот на јавното претпријатие за државни патишта најави дека ќе почне изработката на проектната документација со која Тетово-Гостивар ќе се реконструира и ќе се проширува како автопат.  Дополнително треба да наоѓаат и пари.

„Овој автопат го наминал „своето“-како да кажам градба, затоа што преголема е фрекфренцијата, овој пат веќе е претесен. И дадовме проектната задача до градежен факултет, избработена е, има две алтернативи, но и двете се многу убави, значи автопатот до биде на ниво на стандарден автопат. Самите ленти да бидат 3,75 со 3,50 со 2, 50. Веќе едната проектна задача ја имаме изработено, од Градежен факултет и можеме да тендерираме за главен проект што значи да се обезбедат средства, да се размисли втората варијанта, која е многу интересна, рече Китанов.

Патот Тетово-Гостивар има значење и за создавањето на пан-европските патни коридори за поврзување со оглед дека е дел од Коридор 8, правец кој ги спојува Јадранско море од Драч и Црно море кај Варна.

Александар Самарџиев

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Шокантно сведоштво на тетовчанката Елизабета: На плоштад трчав и викав за да се спасам од напад на бездомни кучиња

20/03/2023
Теми и интервјуа

Сé повеќе деца стануваат насилници-промената може да се направи само дома, препорачуваат психолозите

20/03/2023
Теми и интервјуа

Александар Стојановски-Цули за искуството во турскиот град Адијаман : Град разрушен од земјотрес, нема боја, ние сочувствуваме со нивната болка, тие со нашиот предизвик

02/03/2023
Теми и интервјуа

Александар поради цистична фиброза нема редовна настава, со планинарење се бори за подобар живот

04/02/2023
Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Следна објава

Планинарски марш и протест „Спаси ја Лешница“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.