• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Само целосна пристапност и еднаквост ќе значи подобар живот за лицата со хендикеп

01/12/2019
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Се уште повеќе се зборува отколку што има подобрување на пристапноста за лицата со хендикеп, како и нивната еднаквост во општеството, алармираат од организациите кои дејствуваат во оваа област.

Иако се чести законските промени иста непроменета останува состојбата односно тешката пристапност низ градската инфраструктура како и до објектите. Подобрата пристапност не е потребна само за лицата со хендикеп, туку за поголем број луѓе,вели Бранимир Јовановски, претседател на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет Мобилност Македонија.

„Искрено,сонувам дека еден ден ќе се разбудиме сите ние и нема да разговараме за пристапност, за намалување на високи рабници, тротоари, на скали пред влезовите, односно дека тоа ќе стане еден универзален дизајн. Ајде да се запрашаме дали е тоа само за лицата со инвалидност,каде се тука старите лица, кои се движат многу тешко. Каде лицата кои одат со бастун. Каде се лицата кои се времено спречени, шината нога, скршена нога и младите мајки со дечиња кои туркаат колички“, вели Јовановски.

Конвенцијата за правата на лица со хендикеп е обврска на државата ратификувана во 2011 година, која воедно е далеку од целосно спроведување.  Според Елена Кочовска од „Полиоплус движење против хендикеп“, освен физичките пристапности државата треба да ја унапреди и јавната свест бидејќи лицата со хендикеп се уште се соочуваат со бариерата на нееднаквоста.

„Подигнувањето на јавната свест се однесува на сите граѓани без хендикеп но и на самите-локална самоуправа, на јавните, на приватните субејкти, на законодавната, извршната и судската власт кои што мораат да ја променат матрицата на размислување за заедницата со хендикеп. При што државата е обврзана за секоја една норма која е дикриминаторска и штетно влијае врз перцепцијата за заедницата со хендикеп мора да ја отстрани“, рече Кочовска.

Прашањето или состојбата на хендикеп е дел од човековата разноликост, вели Кочовска и потенцира дека воспоставувањето еднаковост за хендикепираните ќе донесе трјано надминување на состојбата.

„Значи и ние сме луѓе како сите и да ја прифати состојбата на хендикеп како разноликост во општество. Не е како Божја казна, не е како милосрдно прашање, не е ниту медицински проблеми, нити пак е дефект за кој мора да создава дефектолози. Нашата здравствена состојба и согласно конвенцијата укажува дека исклучиво дека треба да се гледа како уште една карактеристика на човекот“, истакна Кочовска.

Согласно конвенцијата постојат групи лица со хендикеп од физички, сензорен, психосоцијален и интелектуален карактер.

Александар Самарџиев

Тагови: предрасудифизички препрекихендикеп

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Единствено во Волковија во тетовскиот регион можност за алтернативниот медицински третман апи-терапија

28/05/2023
Теми и интервјуа

И со факултетска диплома не може да се вработи лице со попреченост

06/05/2023
Теми и интервјуа

Голем број надградби и доградби во Тетово, неизвесно дали би издржале посилен земјотрес

08/04/2023
Теми и интервјуа

Шокантно сведоштво на тетовчанката Елизабета: На плоштад трчав и викав за да се спасам од напад на бездомни кучиња

20/03/2023
Теми и интервјуа

Сé повеќе деца стануваат насилници-промената може да се направи само дома, препорачуваат психолозите

20/03/2023
Теми и интервјуа

Александар Стојановски-Цули за искуството во турскиот град Адијаман : Град разрушен од земјотрес, нема боја, ние сочувствуваме со нивната болка, тие со нашиот предизвик

02/03/2023
Следна објава

Доуредување на дворот во манастирската црква во тетовска Мала Речица

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!