• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово : Да се почитува Законот за лов во текот на ловната сезона

Со цел навреме да се превенираат незаконски постапки на поединци, а и ловџиите  навреме и непосредно да бидат информирани за последиците од таквите постапки, Секторот за внатрешни работи Тетово  апелира доследно да се почитува Законот за лов.                                                                                         

01/10/2019
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово во пресрет на ловната сезона со апел до ловџиите.

Претстојниот викенд и на поширокото полошко подрачје ќе биде  отворена новата ловечка сезона, која во наредниот период значително ќе се интензивира, особено за викендите и празниците. Со цел навреме да се превенираат незаконски постапки на поединци, а и ловџиите  навреме и непосредно да бидат информирани за последиците од таквите постапки, Секторот за внатрешни работи Тетово  апелира доследно да се почитува Законот за лов.

Незаконит лов претставува кривично дело, за кое се предвидени парични и казни затвор од три месеци до три години, зависно од тоа – кога, каде и што е отстрелано (член 228 од Кривичниот законик).

Санкциите за непочитување на одредбите од Законот за лов се мошне ригорозни и доследно и без исклучоци ќе се применуваат кон сите подеднакво, без разлика дали станува збор за ловџии-почетници или за искусни поклоници на овој рекреативен спорт, односно хоби.

Инаку, со започнувањето на новата ловна сезона,  Секторот за внатрешни работи Тетово во соработка со другите служби, значително ќе ги засили контролите низ ловиштата на подрачјето и ќе презема соодветни превентивни и други мерки и активности за спречување и санкционирање на незаконскиот лов.

Тагови: апелзакон за ловловна сезоналовџии

Поврзани објави

Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Вести

Кај Групчин две лица потешко повредени и тројца луѓе со телесни повреди по излетување на возило

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Следна објава

Кривична пријава за 22 годишник за силување на малолетничка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!