• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово: Продажба и пукање петарди се казнува со парични глоби и затвор

Со Законот за прекршоци против јавниот ред и мир предвидена е парична глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност. Нивното набавување и дистрибуирање спротивно е на Кривичниот законик  и за тоа дело е предвидена казна затвор од најмалку пет години затвор.

10/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до населението да се воздржи од и активирање на пиротехнички предмети како петарди со оглед дека таквите постапки претставуваат прекршок и се казнуваат со глоби  додека продажбата претставува спротивност на Кривичниот законик. Паричните казни се движат од 200 до 500 евра.

-На трговците, родителите и учениците (основци и средношколци) им се укажува дека продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува прекршок, за кој согласно член 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир предвидена е парична глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност.Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини,пак, спротивно е на Кривичниот законик  и за тоа дело е предвидена казна затвор од најмалку пет години, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Се потенцира и опасноста по здравјето на луѓето од употреба на пиротхеничките предмети.

-Секторот за внатрешни работи Тетово  апелира, особено до учениците од основните училишта, подалеку од ваквите опасни играчки, кои неретко можат да предизвикаат и сериозни последици по нивното здравје, односно повреди на рацете, очите и другите делови од телото. Секторот за внатрешни работи Тетово веќе одржува состаноци на граѓанските советодавни групи на кои, меѓу другото, се зборува за набавката, продажбата и се друго поврзано со пиротехничките средства, се вели од СВР Тетово.

Состаноци се организираaт и во основните и средните училишта на тетовско-гостиварското подрачје. Иницијатор и носител на овие и другите активности е Отсекот за превенција, потенцираат од СВР Тетово.

 

Поврзани објави

Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Следна објава

Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати: Универзитетите даваат поддршка за подигнувањето на свеста на граѓаните и развојот на човековите права

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.